Програми во детски градинки и центри за ран детски развој
Згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст се остварува преку Годишна програма за работа на установите за деца кои вршат работи поврзани со згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст. Годишната програма за работа содржи особено: организација и работно време на градинката односно на центарот за ран детски развој, програмите на детската градинка односно на центарот за ран детски развој, распоредување на децата во групи, работата на директорот и стручните и други работници, соработка со родителите, соработка со воспитно - образовни, спортски, здравствени, културни, научни и други установи, фондации, здруженија, активности за вклучување на децата во градинка односно во центар за ран детски развој, перманентно стручно усовршување на вработените, работа на стручните органи и други работи за остварување на дејноста. Годишната програма за работа се донесува најдоцна до 30 септември во тековната година за наредната година.
Воспитната-образовната работа во детска градинка односно во центар за ран детски развој се изведува според Програма за рано учење и развој базирана на Стандарди за рано учење и развој.
Во детска градинка и центар за ран детски развој се организираат и други институционални активности за задоволување на специфичните интереси и потреби на детето во насока на јакнење на личноста на детето со развивање на неговите телесни, интелектуални, културни и други способности, кои се остваруваат согласно со посебни програми кои ги донесува директорот на детската градинка по предлог на стручниот тим, а ги одобрува управниот одбор на градинката односно на центарот за ран детски развој.
Институционални активности се специјализирани програми и се реализираат согласно можностите на установите за деца кои вршат дејност во рамките на системот за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст, и во согласност со потребите и интересите на децата и родителите како и единиците на локалната самоуправа.
Основачот на приватна детска градинка може да изготви и своја програма за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст, која се одобрува од министерот.
Кога во приватна детска градинка/центар за ран детски развој основачот сака воспитно- образовната работа да се одвива според посебните педагошки и други принципи и начела Steiner, Decroly, Montessori и друго, потребно е од министерот да добие позитивно мислење,
Цените на услугите што ги дава јавната установа за деца-детска градинка за остварување на програмите за згрижување и воспитание на децата, изнесуваат месечно по дете и тоа :
-
ЗА ПРОГРАМА ЗА ЦЕЛОДНЕВЕН ПРЕСТОЈ За деца до 6 години живот ................ 1.490,00 денари
-
ЗА ПРОГРАМА ЗА ПОЛУДНЕВЕН ПРЕСТОЈ Престој со ужина.................................... 599,00 денари Престој со комбиниран оброк.........806,00 денари Престој без ужина..................................298,00 денари
-
ДРУГИ ФОРМИ НА ПРЕСТОЈ Згрижување за 1 час............................... 65,00 денари
-
ЗА ПРЕСТОЈ И ИСХРАНА НА ДЕТЕ Над 6 до 10 години возраст............... 1.490,00 денари
|