ИПА II Годишна aкциска програма за Република Северна Македонија за 2019 година

 Владата на Република Северна Македонија и Европската комисија ја потпишаа Финансиската спогодба за Годишната акциска програма за ИПА 2019 година на 5 март 2020. 

Годишната акциска програма на Република Северна Македонија за ИПА 2019 година се состои од четири акции. Акциите 3 „ЕУ за младите“ и 4 „ЕУ за вклученост“ предвидуваат поддршка за политиките на земјата во секторот „Образование, вработување и социјална политика“. 

 

 ЕУ ЗА МЛАДИТЕ

 

Акцијата „ЕУ за младите“ ги поддржува напорите на Владата за подобрување на состојбите со вработеноста на младите жени и мажи. Акцијата ќе придонесе за подобрување на квалитетот, релевантноста и инклузивноста на националниот систем за стручно образование и обука, и подборување можностите за вработување на младите.

Очекувани резултати   

  • Подобрена понуда на акредитирани програми за стручно образование и обука и зголемен број на даватели на стручно образование и обука;
  •  Унапредени компетенции на наставниот и останатиот кадар во регионалните центри за стручно образование и обука согласно плановите за развој на човечки ресурси и критериумите за акредитација;
  •  Имплементирана Гаранција за млади.

Истовремено, ќе се зајакнат капацитетите на Министерството за образование и наука и Министерството за труд и социјална политика за координација, спроведување, следење и комуникација на реформите во образованието, вработувањето и социјалната политика.

 Индикатори за следење на напредокот во спроведување на реформите

  • Стапка на вработеност на младите (15-29);
  • Стапка на лица кои рано го напуштаат образованието, по пол (18-24);
  • Процент од младите вклучени во Гаранцијата за млади, кои во период од четири месеци по вклучувањето во Гаранцијата за млади имале успешен излез (или се вработиле или се вклучиле во одредена обука или друга активна мерка);
  • Број на основани регионални центри за стручно образование и обука во Североисточниот, Северозападниот и Југоозападниот регион;
  • Број на квалификации за стручно образование и обука отворени за валидација на  неформалното и информалното учење;
  • Процент од (наставниот) кадар во регионалните центри за стручно образование и обука  обучени во согласност со плановите за развој на човечки ресурси / Процент од кадарот во регионалните центри за стручно образование и обука обучен за работа со студенти со посебни образовни потреби;
  • Број на млади лица вклучени (регистрирани) во Гаранцијата за млади (влез во Гаранцијата за млади во Североисточниот, Југозападниот и Полошкиот регион;
  • Број на вработени во Агенцијата за вработување обучени лица за спроведување на Гаранцијата за млади;
  • Број на модернизирани центри за вработување во Североисточниот, Југозападниот и Полошкиот регион.

Финансирање и начин на имплементација

Вкупниот буџет на акцијата „ЕУ за младите“ е 16,5 милиони €.

Оваа акција ќе се имплементира преку секторска буџетска поддршка, што значи финансиска поддршка на државниот буџет условена со спроведување на зацртаните политики во дадена област (сектор), во случајов политики за образование и вработување. Овој начин на имплементација на ЕУ фондовите за прв пат се применува во Република Северна Македонија.

Акцијата „ЕУ за младите“ се управува директно од Делегацијата на ЕУ. Средствата од програмата ќе се уплатуваат  во Буџетот на Република Северна Македонија преку Министерство за финансии.

Остварувањето на резултатите е обврска на Министерството за труд и социјална политика и Министерството за образование и наука, како и на Агенцијата за вработување на РСМ, Центарот за средно стручно образование, Центарот за образование на возрасни, Бирото за развој на образованието и др. институции. 

 

ЕУ ЗА ВКЛУЧЕНОСТ


Акцијата „ЕУ за вклученост“ ќе придонесе за намалување на сиромаштијата во земјата. Целта е да се подобри социјалното, образовното и економско вклучување на луѓето кои припаѓаат на најранливите групи.

Очекувани резултати

  • Подобрено домување, образование и економски можности за Ромите и сите останати кои живеат во длабока сиромаштија;
  • Подобрена достапност до образовните установи за лицата со попреченост, преку адаптација на објектите на основните и средните училишта и факултетите за инклузивно образование;
  • Подобрен пристап до услуги во заедницата за ранливите групи.

Индикатори за следење на напредокот во спроведување на акцијата

  • Број на лица (Роми и лица кои живеат во длабока сиромаштија) кои користат услуги за вработување;
  • Број на деца (од ромски семејства и семејства кои живеат во длабока сиромаштија) вклучени во образовен процес;
  • Број на легализирани ромски населби;
  • Број на куќи на Роми и семејства кои живеат во длабока сиромаштија кои се изградени, реновирани или поврзани со комуналниот канализациски систем со финансиска поддршка од оваа акција;
  • Број на основни и средни училишта и факултети, кои со финансиска поддршка од оваа акција станале достапни за лицата со попреченост;
  • Број на развиени социјални услуги во заедницата со финансиска поддршка од оваа акција.

Финансирање и начин на имплементација

Вкупниот буџет на Акцијата „ЕУ за вклученост“ е 7,35 милиони €, во кои ЕУ (ИПА) учествува со 6,5 милиони €.

Акцијата „ЕУ за вклученост“ се управува директно од Делегацијата на ЕУ.

Спроведувањето на проектите ќе се одвива според правилата за јавна набавка на ЕУ, а Делегацијата на Европската Унија ќе биде договорен орган. Планирано е да се доделат договори за набавки, градба, услуги и грантови. 

 

Документи

 

Финансиска спогодба - Посебни услови

Анекс 1 ИПА Годишна акциска програма за 2019

ИПА 2019 Секторски реформски договор „ЕУ за Млади“

ИПА 2019 Годишна акциска програма „ЕУ за Вклученост“

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }