31.05.2023

Тренчевска: Секогаш е вистинско време за носење на Закон кој ќе биде во согласност со промените во трудовата област

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денес се обрати на годишната конференција „Преминот помеѓу постоечкото и новото работно законодавство во Северна Македонија – премногу рано или премногу доцна за нов закон за работните односи?“ во организација на Здружението за трудово и социјално право на Северна Македонија, а со поддршката на Меѓународната организација на трудот. Поздравно се обратија и деканот на Правниот факултет „Јустинијан Први” во Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј”, Сашо Георгиевски, Претседателот на Здружението за трудово и социјално право на Северна Македонија, Тодор Каламатиев, Потпретседателот на Здружението за трудово и социјално право на Северна Македонија, Александар Ристовски и националниот координатор на Меѓународната организација на трудот во Северна Македонија, Емил Крстановски.

Повеќе

30.05.2023

Хусејин: Развојот на инклузивната и отворена трудова политика, особено во делот за вработување, се клучен елемент за унапредување на квалитетот на живот на секој од нас

Заменикот министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин денеска заедно со сопругата на претседателот на Република Северна Македонија, проф. д-р Елизабета Ѓорѓиевска и министерот за здравство д - р Фатмир Меџити беа присутни на настан организиран по повод одбележувањето на Светскиот ден на мултипла склероза. Настанот беше во организација на Националното здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза.

Повеќе

30.05.2023

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната година 2022/2023 година

Министерството за труд социјална политика ги информира граѓаните дека во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година.

Повеќе

30.05.2023

Тренчевска: Посветено работиме на развивање и подобрување на националните политики за превенција и подигање на јавната свест за појавата на трговијата со луѓе

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска заедно со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, заменикот амбасадор на Сојузна Република Германија, Ото Граф, директорот на ГИЗ во Република Северна Македонија Давид Оберхубер и директорот на MARRI, Сашко Коцев со своите поздравни обраќања ја отворија регионалната конференција: „Успешни заедно! Регионални увиди и пристапи за спречување и борба против трговијата со луѓе“ организирана во рамките на проектот на Германско друштво за интернационална соработка „Спречување и борба против трговијата со луѓе во Западен Балкан“.

Повеќе

30.05.2023

МТСП: Во тек е етапната исплата на пензии

Министерството за труд и социјална политика известува дека етапната исплата на пензиите за месец мај е во тек. 

Повеќе

29.05.2023

Хусејин: Дигиталниот толкувачки сервис е чекор напред кон еднаквите можности

Заменик министерот на министерството за труд и социјална политика, Енвер Хусејин заедно со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и министерот за здравство, Фатмир Меџети се обратија на промоцијата на пилот-проект „Дигитален толкувачки сервис за глуви и наглуви„.

Повеќе

29.05.2023

Отворен нов центар за лица со попреченост во Општина Врапчиште, с. Градец

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска заедно со Градоначалникот на Општина Врапчиште, Исен Шабани и шефот на секторот за соработка во ЕУ, Штефен Худолин во село Градец во општина Врапчиште официјално го отворија новиот центар за лица со попреченост.

Повеќе

25.05.2023

Достигнувања и придобивки на мерката Самовработување од Оперативниот план

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со директорот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, Беким Мурати и комуникологот, Бојан Кордалов се сретнаа со млади лица во Центарот за социјално претприемништво и разговараа за придобивките и достигнувањата на мерката Самовработување од Оперативниот план кој го спроведува Министерството за труд и социјална политика заедно со Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија.

Повеќе

23.05.2023

МТСП: Погрешен е пристапот за добивање на ситни политички поени на грбот на децата 

Остро го дематираме и отфрламе написот на градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски дека вработени во Министерството за труд и социјална политика се под силен притисок на раководството за донесување на незаконски одлуки за одземање на ингеренциите ЈОУГД  „Детска радост“–Гази Баба. 

Повеќе

22.05.2023

Тренчевска: Законот за работни односи постои за да ги штити правата на работниците

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска вечерва беше дел од емисијата 24 Анализа на Телевизија 24. Дел од емисијата беа и претставникот од синдикатот на градежници, Иван Пешевски и претставникот на академската јавност, професор Лазар Јовески.

Повеќе

22.05.2023

Тренчевска: Еднакви права и еднакви можности уште од најрана возраст 

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со Здружението на родители на деца со ендокринолошки заболувања – Раст. Здружението постои уште од 2007 година и ги застапува правата на сите деца во Република Северна Македонија кои имаат нарушувања на растот, кои примаат хронична хормонска терапија за раст, како и останати ендокринолошки заболувања.  

Повеќе

21.05.2023

Тренчевска: Нашите сограѓани-Турци се дел од мозаикот, од ризницата на разни заедници кои живеат во нашата земја

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска вечерва се обрати на свеченостa организирана по повод 19 мај, Денот на сеќавањето на Кемал Ататурк и празник на младоста и спортот. Свеченоста со своето поздравно обраќање ja отвори претседателот на Партијата за движење на Турците, Енес Ибрахим.

Повеќе

18.05.2023

Тренчевска: Сржта на националните политики и законодавство се еднаквите можности, пристапот до пазарот на труд, праведни услови за работа и инклузивност

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска присуствуваше на пленарна седница на Секторската работна група за образование, вработување и социјална политика на која присуствуваа и министерот за образование и наука, Шакири, првиот советник и заменик раководител на оддел во Делегацијата на Европската Унија, Бого како и претставници на институциите, граѓанскиот сектор, социјалните партнери и донаторската заедница. 

Повеќе

17.05.2023

Тренчевска: Заедно да обезбедиме што повеќе топли домови за децата без родители и родителска грижа

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со претставничката на UNICEF во Република Северна Македонија, Патриција ДиЏовани ја промовираа новата комуникациска кампања насочена кон мобилизирање на нови згрижувачки семејства, со фокус на итни и специјализирани згрижувачки семејства кои можат да обезбедат специјализирана грижа за деца под специфичен ризик.

Повеќе

17.05.2023

Тренчевска: Преку кампањата „Здрав оброк за секое дете“ до здрави навики на децата за консумирање на домашно овошје 

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска ја посетија детската градинка „13 Ноември“ во Општина Центар, со цел промоција на Програмата за поттикнување на потрошувачка на свежо овошје за 2023 година на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а во соработка со Министерството за труд и социјална политика.

Повеќе

16.05.2023

Тренчевска: Младите во нашата држава живеат во духот на едно општество за сите

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска беше присутна на изложба со дела кои беа изработени на работилницата "PIN-EQUITY за куќата од соништата на децата", организирана и асистирана од страна на одделот на Архитектура при инженерскиот факултет и факултетот за образование при Меѓународниот Балкански Универзитет. 

Повеќе

15.05.2021

МТСП: Сликите кои се споделуваат за градинката „Детска Радост“ во Автокоманда се од 2022 година, кога објектот имаше поплава, градинката е реновирана

Министерството за труд и социјална политика, ја известува јавноста дека сликите кои се прикажани од страна на родителите за состојбата на ЈОУДГ „ Детска Радост“- населба Автокоманда, Општина Гази Баба, се од почетокот на 2022 година кога настана поплава во објектот поради пукната цевка за парно во тоалетот. 

Повеќе

15.05.2023

Соопштение за јавност 

Во врска со отвореното писмо упатено до јавноста и до Министерката за труд и социјална политика, од страна на родители чии деца се згрижени во ЈОУД Детска Радост-Гази баба, Скопје, информираме за следното:

Повеќе

11.05.2023

МТСП: Неуспешен обид на Левица за дискредитирање на позитивните политики наменети за најранливата категорија граѓани 

По повод објавите на социјалните медиуми во врска со третманот на децата сместени во згрижувачки семејства и групни домови, а во врска со работата на Министерството за труд и социјална политика, објавени на ФБ страницата на политичката партија - Левица, Министерството ги оцени како неаргументирани, неиздржани и паушални.

Повеќе

10.05.2023

Средба Тренчевска-Исмаили во Брисел: Преговорите со ЕУ имаат цел да ги подобрат условите за живот на сите граѓани

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во рамки на работната посета на Брисел, каде што денеска започна билатералниот скрининг состанок за поглавје 3.19  Вработување и социјална политика оствари средба со амбасадорот на Република Северна Македонија во Европската унија, Зулфи Исмаили.

Повеќе

10.05.2023

МТСП: Законите важат за сите, градоначалниците на општините Велес и Гази Баба имаат должност да ги почитуваат 

Министерството за труд и социјална политика ги демантира медиумски излагања на градоначалниците на општините Гази Баба и Велес за наводни политички игри и поддршка на незаконито работење на градинките во овие општини. 

Повеќе

10.05.2023

Тренчевска од Брисел: Еднаквите можности, пристапот до пазарот на труд, праведни услови за работа и инклузивност се во сржта на националните политики и законодавство

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска е во работна посета на Брисел по повод одржувањето на билатералниот скрининг состанок за Поглавје 3.19 – Вработување и социјална политика, кое е дел од Кластерот 3 Конкурентност и инклузивен раст. 

Повеќе

09.05.2023

Хусејин: Mултисекторскиот пристап во постапувањето со децата жртви на насилство е особено важен

Заменик министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин учествуваше на дебата на која се зборуваше за врсничкото насилство, организирана од Американскиот Универзитет на Европа ФОН.

Повеќе

09.05.2023

Министерката Тренчевска и македонска делегација на билатерален состанок во рамки на скрининг процесот во Брисел

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со претставници од Министерството за труд и социјална политика и други институции, денеска отпатува во Брисел, на билатерален состанок во рамки на скрининг процесот со Европската комисија. 

Повеќе

08.05.2023

Тренчевска: Постигнат напредок во дијалогот со социјалните партнери за новиот Општ колективен договор во јавен сектор 

Економско-социјалниот совет денеска ја оддржа деветата седница со која претседаваше министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.

Повеќе

08.05.2023

Тренчевска: Продолжуваме да работиме на унапредување на правата и услугите за лицата со оштетен вид

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска оствари средба со претседателот на Националниот сојуз на слепи лица Жарко Селковски, како и претставници од двете страни, на која се разговараше за паричните права и услуги од системот на социјална заштита во нашата држава и можностите за нивно унапредување.

Повеќе

05.05.2023

5 Мај-Денот на македонскиот јазик одбележан и во детските градинки 

По повод одбележувањето на 5 Мај-Ден на македонскиот јазик активно учество зема и Министерството за труд и социјална политика со пригодни активности во детските градинки во возрасните групи од 5 до 6 години.

Повеќе

05.05.2023

Тренчевска: Шведските искуства се позитивен пример за подобар пристап во заштитата на жените од насилство

Делегацијата на Република Северна Македонија во Шведска предводена од министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска го посети Националниот центар за знаење за насилството на мажите врз жените на Универзитетот во Упсала.

Повеќе

05.05.2023

Хусејин: Прекувремена работа само со писмена изјава на работникот, право на дневен и неделен одмор и платен секој прекувремен час

Во Владата на Република Северна Македонија денеска се оддржа прес конференција на која се обратија Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, заменик претседателот на Владата за економски прашања Фатмир Битиќи, министрите за транспорт и врски, економија, финансии, Бочварски, Бесими, Бектеши и заменик министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин.

Повеќе

05.05.2023

МТСП: Исплатата на паричниот додаток за енергенси од 1203 денари, ќе продолжи да се исплаќа од месец октомври 

Во однос на информациите изнесени во јавноста за намалување на износот на паричните права од социјална и детска заштита, Министерството за труд и социјална политика ја известува јавноста дека исплатата на паричниот додаток заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството за корисници на Гарантирана минимална помош и право на социјална сигурност за стари лица престанува со исплатата за месец март.

Повеќе

04.05.2023

Делегацијата на Република Северна Македонија на средби во Собранието во Стокхолм

Делегацијата од Република Северна Македонија го посети Собранието во Стокхолм, Шведска и се сретна со претставници на работната група за родова еднаквост на Шведскиот Парламент, меѓу кои и со првиот заменик-претседател Кенет Г. Форслунд и втората заменик-претседателка, Јулија Кронлна, ЕУ советниците во Европскиот координативен секретаријат во Шведскиот парламент, Марија Сундин и Мигуел Палм и со член на комисијата за пазар на трудот, Хелена Вилхемсон.

Повеќе

04.05.2023

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец април 2023 година.

Повеќе

03.05.2023

Размената на искуства на студиската посета во Стокхолм ги зајакнува капацитетите на делегацијата во однос на прашањето за родовата еднаквост

Делегацијата на Република Северна Македонија во Стокхолм, Шведска предводена од Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска оствари средба со претставници од Министерството за вработување во Шведска. Целта на средбата беше појаснување на политиките во однос на родовата еднаквост, функционирањето на владините структури и агенциите и нотата на родовата еднаквост во нивната работа.

Повеќе

03.05.2023

Преку размена на искуства до унапредување на политиките за родова еднаквост

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со државната секретарката на Секретаријатот за Европски прашања, Дрита Абдиу Халили и шефицата на канцеларијата на UN Woman во Република Северна Македонија, Весна Ивановиќ Кастaред беше на работен ручек со министерката за родова еднаквост и работен век на Шведска, Паулина Брандберг. Целта на средбата беше размена на искуства кои можат да ги унапредат политиките во однос на родовата еднаквост како и размена на искуства од успешно  имплементираните политики во двете држави.

Повеќе

03.05.2023

Хусејин: Грижата за менталното здравје започнува од најмала возраст 

Заменик министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин учествуваше на конференцијата „Менталното здравје ги засега сите“, чија цел е отворање на дискусија за потребата од системско зајакнување на поддршката за менталното здравје за децата и нивните семејства.

Повеќе

03.05.2023

Тренчевска: SIDA се нашите долготрајни партнери во делот на унапредување на родовата еднаквост

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска како предводник на делегацијата од Република Северна Македонија на студиската посета во Стокхолм, Шведска денеска се сретна со претставниците на Шведската агенција за меѓународна соработка и развој (SIDA) кои се главни поддржувачи на проектот „Советодавни услуги за администрацијата на Република Северна Македонија на централно ниво за интегрирање на родовата перспектива-(GEF)“.

Повеќе

01.05.2023

Родовата еднаквост фокус на државната делегација која ќе биде во студиска посета во Стокохолм, Шведска

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска ќе ја предводи делегацијата која ќе присуствува на студиска посета во Стокохолм, Шведска. 

Делегацијата е во состав на државната секретарката на Секретаријатот за Европски прашања, Дрита Абдиу Халили, шефицата на канцеларијата на UN Woman во Република Северна Македонија, Весна Ивановиќ Кастaред, претставници од Министерството за труд и социјална политика, претставници од канцеларијата на UN Woman во Скопје и претставници од секретаријатот за Европски прашања во РСМ.  

Повеќе

01.05.2023

Тренчевска: Нека ни е честит 1 Мај -Меѓународниот ден на трудот

За Владата на Република Северна Македонија и Министерството за труд и социјална  политика, заштитата и унапредувањето на работничките права остануваат високо на агендата на приоритети.

Ветувањата за континуиран раст на минималната плата се исполнети. Во време на најголемата економска криза, ја зголемивме минималната плата на 20.175 денари, што придонесе за раст и на останатите плати за 2.175 денари.

Повеќе
Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }