Објавено на: 09.06.2023

Врз основа на член 56 став (5) и член 57 став (4) од Законот за прекршоците (,,Службен весник на РСМ,, бр.96/2019), Комисиите за одлучување по прекршок од областа на работните односи при Министерството за труд и социјална политика врши објава на веб страницата на Министерството за труд и социјална политика:           

ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ДОСТАВУВАЊE

Министерството за труд и социјална политика, Комисиите за одлучување по прекршок од областа на работните односи им соопштува на наведените физички и правни лица сторители на прекршок по Законот за работните односи, дека направи три последователни обиди за доставување на ИЗВЕСТУВАЊЕ по поднесено барање за поведување на прекршочна постапка од страна на овластен подносител кои не е во состојба да ги достави со лична достава и тоа на:       

1.Александар Спировски, со адреса на живеење ул.’’ 121’’ бр.1-А Тетово, како одговорно лице во правно лице Друштво за производство, трговија, дистрибуција и услуги ,,КАРАМЕЛА ЗАС Тетово.

Се повикуваат горенаведените физички и правни лица, во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на ова соопштение да се јават во просториите на Министерството за труд и социјална политика, Комисија за одлучување по прекршок на ул. ,,Даме Груев“ бр.14, Скопје, во својство на странка за прием на горенаведените ИЗВЕСТУВАЊА со прилог поднесено барање за поведување на прекршочна постапка од страна на овластен подносител, секој работен ден од 7:30-16:30 часот, на кое во рок од 3 (три) дена ќе можат писмено да се произнесат во врска со фактите и доказите наведени во барање за поведување на прекршочна постапка.

Предупредување: Доколку горенаведените лица не се јават, ова соопштение со јавна објава ќе се смета за уредно доставување што е согласно член 56 став (5) и член 57 став (4) од Законот за прекршоците, а негативните последици кои можат да настанат ги сноси самата странка.

Комисии за одлучување по прекршок од областа на работните односи  


Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }