Објавено на: 04.10.2022
Врз основа на член 56 став 5 и член 57 став 4 од Законот за прекршоците (,,Службен весник на РСМ,, бр.96/2019), Комисиите за одлучување по прекршок од областа на работните односи при Министерството за труд и социјална политика врши објава на веб страницата на Министерството за труд и социјална политика:
ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ДОСТАВУВАЊE
Министерството за труд и социјална политика, Комисиите за одлучување по прекршок од областа на работните односи им соопштува на наведените физички и правни лица сторители на прекршок по Законот за работните односи, дека направи три последователни обиди за доставување на РЕШЕНИЕ по поднесено барање за поведување на прекршочна постапка од страна на овластен подносител кои не е во состојба да ги достави со лична достава и тоа на:
Друштво за угостителство, услуги и трговија ДПТУ МИК-ТРЕЈД ДООЕЛ КРИВА ПАЛАНКА со седиште на ул. ,,Св. Јоаким Осоговски” бр.7, Крива Паланка со жиро сметка бр. 320100028790765, депонент во Централна кооперативна банка АД Скопје, како одговорно правно лице.
Се повикуваат горенаведените правни лица, во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на ова соопштение да се јават во просториите на Министерството за труд и социјална политика, Комисија за одлучување по прекршок на ул.,,Даме Груев,, бр.14, Скопје, во својство на странка за прием на горенаведените решенија, секој работен ден од 7:30-16:30 часот, на кои може да се поднесе тужба за поведување на управен спор, во рок од 30 дена од денот на приемот на решението, согласно член 70 од Законот за прекршоците.
Предупредување: Доколку горенаведените лица не се јават, ова соопштение со јавна објава ќе се смета за уредно доставување што е согласно член 56 став 5 и член 57 став 4 од Законот за прекршоците, а негативните последици кои можат да настанат ги сноси самата странка.
Комисии за одлучување по прекршок од областа на работните односи