Објавено на: 19.10.2023

Врз основа на член 56 став (5) и член 57 став (4) од Законот за прекршоците (,,Службен весник на РСМ“ бр.96/2019),  Комисиите за одлучување по прекршок од областа на работните односи при Министерството за труд и социјална политика врши објава на веб страницата на Министерството за труд и социјална политика:    

ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ДОСТАВУВАЊE

Министерството за труд и социјална политика, Комисиите за одлучување по прекршок од областа на работните односи му соопштува на наведеното правно и физичко лице сторител на прекршок по Законот за работните односи, дека направи два последователни обиди за доставување на ИЗВЕСТУВАЊЕ по поднесено барање за поведување на прекршочна постапка од страна на овластен подносител кои не е во состојба да ги достави со лична достава и тоа на:

1. Друштво за туризам и услуги „Глобал (Орфеј) травел сервис & тур оператор ДООЕЛ Скопје“, со седиште на ул. Кеј 13-ти Ноември бр. ГТЦ спрат 1/локал 206, Скопје како одговорно правно лице и 

2. Драган Поповиќ, Подгорица, Црна Гора како управител и одговорно лице на правното лице Друштво за туризам и услуги Глобал (Орфеј) травел сервис & тур оператор ДООЕЛ Скопје со седиште на ул. Кеј 13-ти Ноември бр. ГТЦ спрат 1/локал 206, Скопје. 

Се повикуваат горенаведеното правно и физичко лице, во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на ова соопштение да се јават во просториите на Министерството за труд и социјална политика, Комисија за одлучување по прекршок на ул. ,,Даме Груев,, бр.14, Скопје, во својство на странка за прием на горенаведеното известување, секој работен ден од 7:30-16:30 часот, за да  можете да поднесете  писмено произнесување  по однос на наводите во прекршочното барање, а  со цел Комисијата правилно да ја утврди фактичката состојба и постапи, односно донесе Одлука во рамките на законот. 

Предупредување: Доколку горенаведените лица не се јават, ова соопштение со јавна објава ќе се смета за уредно доставување што е согласно член 56 став (5) и член 57 став (4) од Законот за прекршоците, а негативните последици кои можат да настанат ги сноси самата странка. 

Комисии за одлучување по прекршок од областа на работните односи


Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }