Објавено на 04.03.2022
Врз основа на член 57 став 4 од Законот за прекршоците (,,Службен весник на РСМ,, бр.96/2019), Комисиите за одлучување по прекршок од областа на работните односи при Министерството за труд и социјална политика врши објава на веб страницата на Министерството за труд и социјална политика:
ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ
I. Министерството за труд и социјална политика, Комисиите за одлучување по прекршок од областа на работните односи му соопштува на наведеното правно лице сторител на прекршок по Законот за работните односи, дека направи два последователни обиди за доставување на РЕШЕНИЕ по поднесено барање за поведување на прекршочна постапка од страна на овластен подносител кое не е во состојба да го достави со лична достава и тоа на:
1. Друштво за производство, трговија, угостителство и услуги ДИ-ЕН-ДИ ДООЕЛ увоз-извоз Тетово, со седиште на ул.,,Љубо Божиновски-Пиш,, бр.8, Тетово со ЕДБ 4028008502435, за решение бр.20-8251/5-21 од 26.01.2022 година.
Се повикува горенаведеното правно лице, во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на ова соопштение да се јави во просториите на Министерството за труд и социјална политика, Комисија за одлучување по прекршок на ул.,,Даме Груев,, бр.14, Скопје, во својство на странка за прием на горенаведеното решение, секој работен ден од 7:30-16:30 часот, на кое може да се поднесе тужба за поведување на управен спор, во рок од 30 дена од денот на приемот на решението, согласно член 70 од Законот за прекршоците.
Предупредување: Доколку горенаведеното лице не се јави, ова соопштение со јавна објава ќе се смета за уредно доставување што е согласно член 57 став 4 од Законот за прекршоците, а негативните последици кои можат да настанат ги сноси самата странка.
Комисии за одлучување по прекршок од областа на работните односи