Објавено на: 04.10.2023
Врз основа на член 56 став (5) и член 57 став (4) од Законот за прекршоците (,,Службен весник на РСМ“ бр.96/2019), Комисиите за одлучување по прекршок од областа на работните односи при Министерството за труд и социјална политика врши објава на веб страницата на Министерството за труд и социјална политика:
ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ДОСТАВУВАЊE
Министерството за труд и социјална политика, Комисиите за одлучување по прекршок од областа на работните односи му соопштува на наведените физички и правни лица сторители на прекршок по Законот за работните односи, дека направи два последователни обиди за доставување на РЕШЕНИЕ број 19-3092/7 од 14.07.2023 година по поднесено барање за поведување на прекршочна постапка од страна на овластен подносител кои не е во состојба да ги достави со лична достава и тоа на:
1. Ванчо Ефремов со место на живеење с. Злеово, Радовиш како одговорно лице на правното лице Друштво за производство, услуги и трговија ВЕ- ГРУПА ДООЕЛ Радовиш, со седиште на Бул. „Александар Македонски“ бр.2/5, Радовиш.
Се повикува горенаведеното физичко лице, во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на ова соопштение да се јават во просториите на Министерството за труд и социјална политика, Комисија за одлучување по прекршок на ул. ,,Даме Груев,, бр.14, Скопје, во својство на странка за прием на горенаведеното известување, секој работен ден од 7:30-16:30 часот, на кои може да се поднесе тужба за поведување на управен спор, во рок од 30 дена од денот на приемот на решението, согласно член 70 од Законот за прекршоците.
Предупредување: Доколку горенаведените лица не се јават, ова соопштение со јавна објава ќе се смета за уредно доставување што е согласно член 56 став (5) и член 57 став (4) од Законот за прекршоците, а негативните последици кои можат да настанат ги сноси самата странка.
Kомисии за одлучување по прекршок од областа на работните односи