Oбјавено на: 22.12.2023
Врз основа на член 56 став 5 и член 57 став 4 од Законот за прекршоците (,,Службен весник на РСМ,, бр.96/2019), Комисиите за одлучување по прекршок од областа на работните односи при Министерството за труд и социјална политика врши објава на веб страницата на Министерството за труд и социјална политика:
ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ
Министерството за труд и социјална политика, Комисиja за одлучување по прекршок од областа на работните односи соопштува дека направи два последователни обиди за доставување на РЕШЕНИЕ, одлука по поднесено барање за поведување на прекршочна постапка од страна на овластен подносител, а кое не е во состојба да го достави со лична достава и тоа на:
1.,,Приватна здравствена установа-Поликлиника на секундарно ниво, ПОЛИКЛИНИКА ЕУРОИТАЛИА- Битола’’ со седиште на ул. Партизанска бр.96-1/1, Битола, со ЕДБ 4069021502728, со ЕМБС 7478860, како одговорно правно лице.
Се повикува горенаведеното правно лице, во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на ова соопштение да се јави во просториите на Министерството за труд и социјална политика, Комисија за одлучување по прекршок на ул.,,Даме Груев,, бр.14, Скопје, во својство на странка за прием на решение, секој работен ден од 7:30-16:30 часот, на кое може да поднесе тужба за поведување на управен спор, во рок од 30 дена од денот на приемот на решението, согласно член 70 од Законот за прекршоците.
Предупредување: Доколку горенаведеното лице не се јави, ова соопштение со јавна објава ќе се смета за уредно доставување што е согласно член 56 став 5 и член 57 став 4 од Законот за прекршоците, а негативните последици кои можат да настанат ги сноси самата странка.
Комисии за одлучување по прекршок од областа на работните односи