Објавено на: 22.12.2023
Врз основа на член 56 став (5) и член 57 став (4) од Законот за прекршоците (,,Службен весник на РСМ“ бр.96/2019), Комисиите за одлучување по прекршок од областа на работните односи при Министерството за труд и социјална политика врши објава на веб страницата на Министерството за труд и социјална политика:
ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ДОСТАВУВАЊE
Министерството за труд и социјална политика, Комисиjaтa за одлучување по прекршок од областа на работните односи им соопштува на наведените физички и правни лица сторители на прекршок по Законот за работните односи, дека направи два последователни обиди за доставување на РЕШЕНИЕ број 20-4495/3-23 од 2023 година, а по поднесено барање за поведување на прекршочна постапка од страна на овластен подносител кои не е во состојба да ги достави со лична достава и тоа на:
1. Друштво за кабаре, трговија и услуги ОРИЕНТАЛ ЛИВЕ МУСИК ДООЕЛ со седиште на улица 101 број 1 во с. Горно Седларце-Боговиње, со ЕМБС 7434421 и даночен број 4035020504075 како одговорно правно и
2. Ардит Арифи со стан на улица 101 бб во Боговиње, општина Боговиње, државјанин на Република Северна Македонија, како одговорно лице во правното лице.
Се повикува горенаведеното физичко лице, во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на ова соопштение да се јави во просториите на Министерството за труд и социјална политика, Комисија за одлучување по прекршок на ул. ,,Даме Груев“ бр.14, Скопје, во својство на странка за прием на горенаведените решенија, секој работен ден од 7:30-16:30 часот, на кое може да се поднесе тужба за поведување на управен спор, во рок од 30 дена од денот на приемот на решението, согласно член 70 од Законот за прекршоците.
Предупредување: Доколку горенаведените лица не се јават, ова соопштение со јавна објава ќе се смета за уредно доставување што е согласно член 56 став (5) и член 57 став (4) од Законот за прекршоците, а негативните последици кои можат да настанат ги сноси самата странка.
Комисија во министерството за одлучување по прекршоци од областа на работните односи