Објавено на: 04.10.2023
Врз основа на член 56 став (5) и член 57 став (4) од Законот за прекршоците (,,Службен весник на РСМ“ бр.96/2019), Комисиите за одлучување по прекршок од областа на работните односи при Министерството за труд и социјална политика врши објава на веб страницата на Министерството за труд и социјална политика:
ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ДОСТАВУВАЊE
Министерството за труд и социјална политика, Комисиите за одлучување по прекршок од областа на работните односи му соопштува на наведеното физичко лице сторител на прекршок по Законот за работните односи, дека направи два последователни обиди за доставување на ИЗВЕСТУВАЊЕ по поднесено барање за поведување на прекршочна постапка од страна на овластен подносител кои не е во состојба да ги достави со лична достава и тоа на:
1. Влатко Стефановски со место на живеење на ул. „Методија Митевски“ бр.10-10/2 Чаир, Скопје како одговорно лице на правното лице ДПТУ Визба Валандово ДООЕЛ Валандово со седиште на ул. „Никола Карев“ бр.6 Валандово.
Се повикува горенаведеното физичко лице, во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на ова соопштение да се јават во просториите на Министерството за труд и социјална политика, Комисија за одлучување по прекршок на ул. ,,Даме Груев,, бр.14, Скопје, во својство на странка за прием на горенаведеното известување, секој работен ден од 7:30-16:30 часот, на кои може да се поднесе тужба за поведување на управен спор, во рок од 30 дена од денот на приемот на решението, согласно член 70 од Законот за прекршоците.
Предупредување: Доколку горенаведените лица не се јават, ова соопштение со јавна објава ќе се смета за уредно доставување што е согласно член 56 став (5) и член 57 став (4) од Законот за прекршоците, а негативните последици кои можат да настанат ги сноси самата странка.
Комисии за одлучување по прекршок од областа на работните односи