Мирно решавање на работните спорови 

Во текот на работниот век се среќаваме со различни непријатни ситуации, некои од нас како вработени, други како работодавачи. Секоја од страните смета дека има право. Влегуваме во работен спор со или без причина.

Без оглед на која страна сте, сега имате можност да дојдете до решение за вашиот спор по мирен, вонсудски пат, со помош на помирувaч, односно арбитер.

Искористете го полесниот, побрзиот и поисплатливиот начин за решавање на работните спорови!

Принципи и начела на кои се темели мирното решавање на работните спорови
ДОБРОВОЛНОСТ / НЕЗАВИСНОСТ / НЕУТРАЛНОСТ / НЕПРИСТРАСНОСТ / ЕДНАКВОСТ/БРЗИНА / ЕФИКАСНОСТ / ПРАВИЧНОСТ/ДОВЕРЛИВОСТ / БЕЗ ПРИСУСТВО НА ЈАВНОСТ

 

КАКО ДО МИРНО РЕШАВАЊЕ НА РАБОТНИТЕ СПОРОВИ?

Во Република Македонија со закон е воспоставен ефикасен механизам за решавање на колективните и на одделни индивидуални работни спорови по вонсудски пат. Постапката на мирно решавање работни спорови, која е доброволна, им помага на страните во спорот на полесен, побрз и финансиски поисплатлив начин да дојдат до компромис, односно до решение за одреден проблем.

Какви начини за мирно решавање работни спорови постојат?

ПОМИРУВАЊЕ е постапка за мирно решавање колективен работен спор, во која преку учество на трето неутрално лице (помирувач), двете спротивставени страни преговараат сè до постигнување заемно прифатлива спогодба. За колективни работни спорови се сметаат недоразбирања меѓу синдикатите и работодавачите при склучување, измени и дополнувања на колективните договори, остарување права на синдикално организирање и штрајк.

ВАЖНО! За колективни работни спорови во дејности од општ интерес, во кои прекинот со работа би можел да нанесе големи штети или да го загрози животот и здравјето на луѓето, законски е предвидено двете страни задолжително да пристапат кон мирно решавање на спорот што мора да заврши за максимум десет дена.

АРБИТРАЖА е постапката за мирно решавање индивидуални спорови поврзани со прекин на договорот за работа или неисплата на плата, кои според анализите се најчестиот вид работни спорови во земјава. Постапката ја води трето неутрално лице (арбитер), кое врз основа на фактите и аргументите на двете страни во спорот донесува обврзувачко решение.

ВАЖНО! За другите видови индивидуални работни спорови исто така постои алтернативен начин на решавање, преку медијација, за што е предвидена постапката според Законот за медијација, за чие спроведување е воспоставен посебен механизам со кој управува Министерството за правда.

 

Кој помага работните спорови да се решат на мирен начин?

Министерството за труд и социјална политика е одговорно за целокупната стручно-административна поддршка и управување со механизмот на мирно решавање на работните спорови. Меѓу другото, Министерството води регистар, издава и одзема лиценци за помирувачи и арбитри, врши нивна обука и стручно усовршување и води евиденција на постапките за мирно решавање работни спорови.

ВАЖНО! Министерството за труд и социјална политика ги покрива целокупните оправдани трошоци на постапката за мирно решавање на работните спорови.

 

За сите дополнителни информации за начинот и постапката за мирно решавање на работните спорови, посетете ја интернет-страницата на Министерството за труд и социјална политика на www.mtsp.gov.mk или информирајте се на тел. (02)3106 456 или на е-адреса: rabotni.sporovi@mtsp.gov.mk, секој работен ден од 09 до 16 часот. 

Механизмот е воспоставен со поддршка од Унапредување на социјалниот дијалог, проект што го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }