26.12.2023

Тренчевска: Ние сме единствена земја во регионот каде социјалниот дијалог е жив

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска вечерва на дебатната емисија „Топ Тема“ на Телма телевизија гостуваше заедно со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов. Тема на разговор на емисијата беше новиот колективен договор, социјалниот дијалог преку кој се носат мерките, зголемувањето на платите во јавниот сектор, исплата на пензиите.

„Пред две недели на конференција во Будимпешта каде беа присутни земјите од Западен Балкан утврдивме дека ние сме единствена земја каде колективните договори се носат низ социјален дијалог. Како држава се што носиме, а е во интерес на граѓаните минува низ Економско социјалниот совет. Во 2023-та година беа одржани над 12 седници и тоа е потврда дека дијалогот се почитува и благодарение на него е донесен и Општиот колективен договор“, рече Тренчевска.

Таа објасни дека кога на ЕСС беше воден дијалогот за општиот колективен договор беше истакнато дека ќе има покачување на минималната плата во септември во 2024 година, меѓутоа дека за секоја одлука пред се приоритет ќе бидат финансиските импликации и тоа е причината зошто покачувањето нема да се случи во март 2024 година. И истакна дека после тоа покачување во март 2025 година ќе почне да функционира новата методологија каде платата ќе зависи од просечната плата и коефициентите.

„Кога го менувавме Законот за минимална плата синдикатите го поздравија ова решение. Согласно измените, во март 2024 година минималната плата ќе изнесува од 22.500 денари до 23.000 денари и ако го земеме тоа во предвид од 2017 година платата ќе биде покачена за 10.000 денари“, рече Тренчевска.

Во однос на колективниот договор на Топ тема беше истакнат и годишниот регрес од 10.000 денари кој за прв пат се исплаќа оваа година кај вработените во јавниот сектор. Министерката Тренчевска објасни дека ваквото решение е поздравено особено од вработените во детска и социјална заштита кои за прв пат добиваат регрес и истакна дека истиот од наредната година ќе треба да изнесува најмалку 30% од просечната плата.


Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }