Средба на заменикот министер Бајрактар со делегација од Република Турција
Во работна посета на Министерството за труд и социјална политика беше делегација од Република Турција во состав: Зихни Шахин- градоначалник на Општина Самсун, Мурат Икиз-градоначалник на Општина Хавза и Иззет Алтунташ-претседател на Конфедерациски синдикат на Турци од Балканот.
Со делегацијата оствари средба заменик министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар. На состанокот се разговараше околу идна соработка на Општина Самсун и Министерството за труд и социјална политика и тоа за одредени донации на Општина Самсун во опремување на детски градинки за коишто има потреба. Во таа насока, договорена е дополнителна посета која што ќе се реализира на терен заради утврдување на потребите за опремување на дел од детските градинки.
Исто така, на средбата заменикот министер Бајрактар и тројцата гости разговараа и за донација на електрични колички за лица со посебни потреби.