4 мерки за кредитирање за отворање на нови работни места

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Влатко Поповски ги промовираа 4 мерки за кредитирање за отворање на нови работни места и за поттикнување на самовработувањето и формирањето на сопствени бизниси во Република Македонија.  

Овие мерки се реализираат од 2008 година и имаат голема успешност, голем процент на сеуште вработени лица кои што аплицирале и учествувале во искористувањето на овие мерки.  

„Приоритет на Владата на Р.Македонија е отворање на нови работни места за невработените лица, особено за младите лица до 29 години. Токму поради тоа дизајниравме две посебни мерки за кредитирање, односно кредитирање за отворање на сопствен бизнис за млади лица до 29 годишна возраст. И кредитирање  на микро и мали компании за отворање на нови работни места за млади до 29 години. Имено отворени се огласите и сите заинтересирани може да аплицираат при што за мерката самовработување со кредитирање за млади лица до 29 години  имаат на располагање и можат да искористат до 7.000 евра за самовработување за кредитобарателот доколку е младо лице до 29 години и дополнителни 4.000 евра за секое ново вработување во вкупен износ до 23.000 евра во денарска против вредност за отворање на сопствен бизнис и за вработување на плус 4 невработени лица”, рече Спасов.

Грејс периодот кој што е определен е значително зголемен за младите лица односно изнесува една и пол година и дополнително пет и пол години рок за отплата, односно вкупен рок за отплата од 7 години со каматна стапка од само 1 %. Исто така предвидуваме и посебна мерка за отворање на  нови работни места односно за стимулирање на создавањето на нови работни места за млади лица до 29 години  во микро и мали компании при што сите заинтересирани компании може да аплицираат за оваа мерка и да искористат финансиски средства во износ од 4.000 евра за секое ново отворено работно место до 3 работни места односно во вкупен износ од 12.000 евра со грејс период од 1 година и 2 години рок за отплата со каматна стапка од 1%.    

“Би сакал да напоменам дека сите овие 4 мерки кои што ги објавуваме денеска и кои што се реализираат изминатиов период резултираат со навистина значителен број постигнати вработувања, односно вкупено постигнати вработувања 4.179 од кои што лица кои сеуште се  со статус на вработени се 3.828 лица се сеуште на работа. Додека за младите се постигнати  вработувања од  1.338,  а сеуште се на работа 1.318 лица, од почетокот на реализацијата на оваа мерка, од 2007 до крајот на 2014 година“, потенцираше Спасов.

Спасов посочи дека сака да ги поттикне сите заинтересирани приватни микро и мали компании кои се заинтересирани да отворат нови работни места да ја искористат оваа можност, односни овие поволни кредити за стимулирање за отворање работни места за добивање на дополнителни финансиски средства меѓутоа и сите заинтересирани млади лица за самовработување и отворање на сопствен бизнис да ја искористат оваа можност од 7.000 до  23.000 евра да земат во вид на кредит од 1% каматна стапка и 1 година грејс период и 7 години рок на враќање.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }