Седум центри за социјални работи ќе бидат реконструирани

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, денес го посети Центарот за социјална работа во општина Демир Хисар и општина Крушевo, при што го означи почетокот на втората фаза на реконструкција и реновирање на Центрите за социјална работа во Република Македонија.      

“Станува збор за 7 центри за социјална работа кои што во период од 9 месеци целосно ќе бидат реконструирани, реновирани и ќе бидат опремени со нов мебел и опрема. Денес се започнува со реконструкција на Центарот за социјална работа во Демир Хисар и  исто така и во Крушево, а исто така ќе се заврши рекoнструкција и реновирање на Центрите за социјална работа  во Прилеп, Битола, Охрид, Штип и Гевгелија со тоа што ќе се финализира и втората фаза за која што се инвестираат финансиски средства во износ 38.000.000 денари за потполно реновирaње. Практично  овој објект е во сопственост на Центарот за социјални работи од Демир Хисар кој што е од 1975 година, и ова претставува прв зафат за реновирање и реконструкција за целиот објект”, рече Спасов.

Тој најави дека целосно ќе се смени и направи термо-фасада, ќе се сменат вратите и прозорите, ќе се постави нов под и санитарни јазли, нов мебел и опрема со што ќе ќе се добие нов објект и поквалитетни и современи услови не само за работа туку и за прием на странките кои што, како што нагласи Спасов, заслужуваат достоинствени услови за остварување на своите права од социјална и детска заштита.

Спасов го посети и Центарот за социјална работа Крушево и го означи почетокот на реконструкција на овој објект.     

“И понатаму,  не запираме тука, ќе продолжиме со трета фаза на реновирање на Центрите за социјална работа преку ИПА програмата на ЕУ, и очекуваме до средината на оваа година очекуваме да биде потпишан договор за реновирање на дополнителни 19 Центри за социјална работа и со тоа да го затвориме целиот пакет, осносно сите Центри да бидат комплетно реновирани и значително модернизирани и подобрени условите за работа”,заврши Спасов.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }