ПОВИК ЗА ТЕНДЕР

за

спроведување  на Програмата „Советување и мотивацијаМенторска поддршка за  

активација (интеграција) на корисниците на ГМП на пазарот на трудот 

Во рамки на проектот „Активација на ранливи групи на пазарот на трудот” финансиран од Европската Унија, Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија  објавува Повик за прибирање понуди за спроведување на програмата „Советување и мотивација – Менторска поддршка за активација (интеграција) на корисниците на гарантирана минимална помош на пазарот на трудот“.

Со Програмата ќе се даде поддршка на новиот пристап за активирање, согласно со потребите на ранливите групи невработени лица, како што се корисниците на ГМП (гарантирана минимална помош), како и други тешко вработливи лица (пр. долгорочно невработени лица, лица со ниски квалификации итн.).

Менторските услуги имаат за цел на корисниците на ГМП да им се дадат услуги согласно со нивните потреби, во форма на интензивно советување, теренска работа и индивидуални контакти со  ГМП корисниците за време на Психо-социјалната поддршка, како и за време на интегрирањето на лицата во обуки за стекнување на вештини и искуства или работно ангажирање преку програмите и мерките за вработување.

Комплетното тендерско досие во електронска форма е достапно со пополнување на следниов Формулар за подигање тендер од АВРСМ. Пополнетиот формулар, скениран во pdf формат треба да се испрати на следните е-меил адреси: ipa@av.gov.mk и ipa4esarnm@gmail.com. 

Документите за тендерот се испраќаат на адресата на Агенцијата за вработување (АВРСМ), ул. Васил Ѓоргов Бр. 43, 1000 Скопје.

Рокот за поднесување на понудите е вторник 23 март 2021, до 15:00 часот.

Јавниот повик е исто така достапен во текот на целиот период на доставување на понудите на веб-страницата на АВРСМ: www.av.gov.mk.

Повик за тендер - македонска верзија

Повик за тендер - албанска верзија

Повик за тендер - англиска верзија


Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }