20.09.2024

Државниот секретар Сабриу: Програмата - Суперучилишта  е важен чекор кон создавање на глобално свесни млади лидери 

Државниот секретар на Министерството за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Сабриу денеска учествуваше на церемонијалниот настан насловен „Запознајте ги Суперучилиштата“ во Европската куќа (Europe house) кој имаше за  цел да ја промовира Програмата за размена на суперучилиштата од Западен Балкан. Денес беше  официјалното отворање на третиот циклус на програмата Суперучилишта поддржана од Европската Комисија и Германското Сојузно Министерство за економска соработка и развој (BMZ), која се имплементира од RYCO и GIZ.

Петнаесет средни училишта се вклучени во спроведувањето на новиот циклус на овој проект, заедно со нивните партнерски училишта од другите земји од Западен Балкан.

Во своето обраќање кон присутните, Сабриу изрази особено задоволство да зборува на темата млади и можностите за нивен развој и напредок. Затоа што, како што рече тој,  младите луѓе се сегашноста и иднината на нашето општество, а ние мораме да им овозможиме алатки и ресурси за да успеат. 

„Ние, претставниците на институциите, граѓанскиот сектор, професорите, како и родителите ја носиме одговорноста да им обезбедиме шанса за развој на нивниот потенцијал. Убеден сум дека секој еден млад човек во себе носи потенцијал, само е потребна поддршка и услови за тој потенцијал да го постигне својот максимум. А тоа значи млади луѓе кои ќе бидат креатори на политики, креатори на иновации, креатори на нашето подобро утре,“ нагласи Сабриу.

Притоа беше истакната и важноста на Програмата - Суперучилишта која што е важен чекор кон создавање на глобално свесни млади лидери.

„Програмата за размени овозможува нашите ученици да стекнат нови искуства, да запознаат различни култури и да создадат пријателства со врсници од други земји. Овие искуства не само што ја збогатуваат нашата образовна средина, туку и ја поттикнуваат креативноста и иновацијата,“ посочи Сабриу.

На крајот од ова обраќање тој им порача на младите да не забораваат дека имааат моќ да влијаат.  

„Бидете активни, ангажирајте се и не се плашете да ги делите своите мислења.  Вашата перспектива е вредна и значајна. Вложете се во вашето образование, развивајте ги своите вештини и стремете се кон целите што ве инспирираат. Заедно, можете да создадете подобро општество за сите нас. Ваша е иднината, а вашата активност денес, може да ја обликува утрешнината! Сите ние веруваме во вас!, порача Сабриу.

На настанот покрај претставници на RYKO, присуствуваа и претставници на Делегацијата на ЕУ, на Германската амбасада, Министерството за образование, државни институции, директори на средни училишта и млади.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }