02.12.2022

Хусејин: Како Министерство за труд и социјална политика креираме политики во кои централно место заземаат лицата со попреченост

Заменик министерот на Министерството за труд и социјална политика, Енвер Хусејин изминатата вечер ја отвори изложбата на слики од XI-тата Mеѓународна ликовна колонија на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија.

Хусејин на почетокот од своето обраќање се заблагодари за можноста да ја отвори изложбата која е организирана по повод 3 декември Меѓународниот ден на лицата со попреченост и истакна дека овој ден е од особена важност за Министерството за труд и социјална политика.

„Развојот на новата Национална стратегија за правата на лицата со попреченост 2023 – 2030 е веќе во завршна фаза. Таа се развива согласно обврските и начелата преземени со Конвенцијата за правата на лицата со попреченост и комплементарна со  Европската стратегија за правата на лицата со попреченост, врз основа на податоци и анализи направени за моменталната состојба со почитувањето и остварувањето на правата на лицата со попреченост. „Ништо за нас, без нас“ гласи мотото на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост. Врз основа на ова мото јавните политики ќе бидат креирани и спроведени со активно учество на лицата со попреченост“ рече Заменик Министерот.

Тој истакна дека особено е важно што се менува перцепцијата што општеството ја има за лицата со попреченост. Посочи дека се напушта стариот модел на гледање на попреченоста и дека истиот е заменет со немедицинското гледање кое ги поттикнува јаките страни и способности на децата и лицата со попреченост.

Хусејин се осврна и на модернизацијата на политиките кои ги носи Министерството за труд и социјална политика.

„Во тек е модернизација на политиките кои го овозможуваат вработувањето на лицата со попреченост и особено вработувањето во отворениот пазар на трудот. Со новите предлог решенија се воведува професионална рехабилитација и работно оспособување со цел лицата со попреченост да станат конкуренти на пазарот и со тоа да се вработат, но и да го задржат своето вработување“ рече Заменик Министерот.

На крајот од своето обраќање го честита 3 декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }