ЈАВЕН ПОВИК бр. 09-5267/1

за учество во работа на Комисијата за ревизија на наод, оцена и мислење за утврдување на инвалидност, односно неспособност за работа

Министерството за социјална политика, демографија и млади, согласно со член 3 од Правилникот за организацијата, составот и начинот на работа на Комисијата за ревизија на наод, оцена и мислење за утврдување на инвалидност, односно неспособност за работа („Службен весник на Република Македонија” бр. 2/13, 13/16 и 2/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 318/20 и 273/22), (во натамошниот текст: Комисија за ревизија), ги повикува заинтересираните лекари - специјалисти да се јават за учество во работата на Комисијата за ревизија за период од една година.

На овој повик може да се јават истакнати медицински стручни лица коишто работат во здравствени установи и кои имаат најмалку 5 години работно искуство по положен специјалистички испит во следните области:

специјалист интернист,

  • специјалист психијатар,
  • специјалист по трудова медицина,
  • останати специјалисти (офталмолог, онколог, кардиолог, невролог, ортопед, специјалист  хирург и др.)
  • Заинтересираните лица за учество во работата на Комисијата за ревизија треба да достават:
  • барање за учество во работата на Комисијата за ревизија,
  • кратка биографија,
  • копија од лиценца за работа,
  • потврда за работен однос и
  • копија од уверение за положен специјалистички испит, како доказ за работно искуство во областа од најмалку 5 години по специјализацијата.

Барањето заедно со потребната документација се поднесува до Министерството за за социјална политика, демографија и млади, ул: “Даме Груев“, бр. 14, 1000 Скопје, во затворен плик со назнака: ЈАВЕН ПОВИК - Комисија за ревизија – НЕ ОТВАРАЈ, најдоцна до 13.08.2024 година.

МИНИСТЕРСТВО ЗА СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА, ДЕМОГРАФИЈА И МЛАДИ

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }