20.09.2021

Министерката Шахпаска на одбележување на 75 години постоење на Сојузот на пензионери: Создаваме систем, кој обезбедува навремена исплата и сигурен раст на пензиите

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска заедно со претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев присуствуваше на одбележувањето на Денот на пензионерите и јубилејот - 75 години од постоењето на Сојузот на пензионери.

Во оваа пригода министерката Шахпаска, упати честитки до  сите пензионери, и им се заблагодари  на посветеноста и на ентузијазмот со кој тие придонесуваат во градењето на нашата држава. 

„Своето знаење, мудрост и искуство ги вградивте во темелите на нашата држава. Благодарение на вас и на вашата пожртвуваност денеска Република Северна Македонија е самостојна, просперитетна држава, членка на НАТО и земја која храбро чекори по европскиот пат“, рече министерката Шахпаска.

Таа истакна дека дека грижата за пензионерите за Владата и за Министерството за труд и социјална политика останува врвен приоритет. И посочи дека одржувањето на стабилнсноста на Пензискиот фонд и во време на најголемата економската и здравствена криза предизвикана од пандемијата со Ковид 19 и редовната исплата на пензиите е потврда за тоа.

„Нашата порака е јасна, создаваме систем, според кој пензионерите ќе имаат сигурност, извесност и покачувањето на нивните пензии нема да зависи од нечија политичка волја или од тоа дали ќе има избори. Согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување, редовното усогласување на пензијата се врши два пати во годината, од 1 јануари и од 1 јули, според процентот на порастот на индексот на трошоците на живот во претходното полугодие во однос на полугодието кое му претходи. Пензионерите и оваа година, и покрај пандемијата, добија двапати усогласување на пензиите според  порастот на трошоците за живот. Со завршувањето на кризата ќе се создадат услови никој во државата да нема пониска пензија од 10.700 денари,“потенцираше Шахпаска.

Во своето обраќање министерката се осврна и на Законот за социјална сигурност за старите лица кој обезбедува месечен надоместок од 6.000 денари, на возрасните лица кои не се корисници на пензија и други социјални услуги, и дополнителниот додаток од 1.000 денари, за покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството.

Државна социјална пензија користат 9.446 граѓани. А сите пензионери кои имаат пензија под 14 000 денари се ослободени од плаќање на болничка партиципација.

Министерката Шахпаска го истакна значењето за воведувањето на услугата, помош и нега на стари лица во домот, која обезбедува грижа од страна на обучени негователи кои им помагаат на старите лица во секојдневните активности и која ќе ја спроведуваат 300 негуватели, а ќе бидат опфатени 900 пензионери во целата држава.

Министерката на крајот од своето обраќање упати благодарност и честитки до пензионерите за нивната општествена одговорност кон процесот на имунизација со што  директно придонесуваат за  јакнењето на колективниот имунитет во борбата со пандемијата.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }