16.09.2021

МТСП: Повеќе од 400 поими и нивните дефиниции од терминологијата за родова еднаквост достапни и на македонски јазик

Од денеска на македонските граѓани им се достапни повеќе од 400 поими и нивните дефиниции од терминологијата за родова еднаквост. Европскиот институт за родова еднаквост (ЕИГЕ) ги преведе Поимникот и Речникот кој ги содржи сите синоними и сродни концепти и на македонски јазик.

Целта на Поимникот и Речникот  со македонски зборови е  заедничко разбирање на поимите за родова еднаквост во чувствителната комуникација на оваа тема во ЕУ и пошироко.

На темата „Родово чувствителна комуникација“ беше организирана дводневна регионална виртуелна работилница. Повеќе од  60 учесници од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Република Северна Македонија, Србија и Турција имаа можност да научат како да го употребуваат и промовираат родово-одговорниот и инклузивен јазик во нивната работа, во националните документи, како и во јавната комуникација.

Од 2013 година, Евопскиот институт за родова еднаквост работи со седум земји кандидати за членство во ЕУ и потенцијални кандидати на Западен Балкан и Турција за да го изградат својот капацитет за родова еднаквост според Инструментот за претпристапна помош (ИПА) од Европската комисија.

Поимникот и Речникот со кој се гради заедничко разбирање за поимите за родова еднаквост, освен на македонски јазик, преведен е и на албански, српски и босански јазик.

Речникот е достапен на следниот  линк : A-Z Index | European Institute for Gender Equality (europa.eu)

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }