17.05.2021

Шахпаска на панел дебата по повод 17 мај-Меѓународен ден за борба против хомофобија, бифобија и трансфобија: Преку законски решенија, стратегии и Национален акциски план, ги унапредуваме правата на ЛГБТИ заeдницата, затоа што сите граѓани се важни 

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска учествуваше на панел дебата по повод 17 мај-Меѓународен ден за борба против хомофобија, бифобија и трансфобија, организирана од Делегацијата на ЕУ во земјава, на која учествуваа и амбасадорот Дејвид Гир, пратеничката Морачанин, преставници на граѓански организации и Комисијата за заштита и спречување од дискриминација.

„Демократијата не се гради преку ноќ, ниту пак ја добиваме еднаш за секогаш, затоа, сериозно пристапивме и секојдневно работиме на нејзиниот развој и унапредување. Целта е сите ние, да живееме во општество во кое сите граѓани ќе бидат почитувани, без предрасуди и стигми. Затоа што, еден од темелите на демократијата е почитување на човековите права“, рече министерката Шахпаска.

Како мошне значајни чекори направени од страна на Владата и Министерство за труд и социјална политика изминатиов период, министерката ги посочи Законот за спречување и заштита од дискриминација, донесен во октомври 2020 година и Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, донесен во јануари 2021 година.

Таа информираше дека во Законот за спречување и заштита од дискриминација експлицитно се наведени како основи за дискриминација, сексуалната ориентација и родовиот идентитет. Законот е усогласен со сите ЕУ директиви, меѓународни стандарди за човекови права како и мислењата на Европската комисија, Венецијанската комисија, Обединетите нации и ОБСЕ. Ова законско решение, истакна таа, регулира и избор на Комисија за спречување и заштита од дискриминација, независно тело кое во својот состав има лица со професионално искуство од сферата на човекови права.

Осврнувајќи се на одредбите на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, таа потенцираше дека насилството врз жените и семејното насилство не може да се сметаат за приватна работа и дека државата преку сеопфатни и интегрирани политики ќе превенира и ќе ги заштити жртвите на насилство. Законот ги регулира превентивните мерки што секоја институција има обврска да ги преземе со цел елиминирање на насилството врз жените и семејното насилство, но и брзо и ефикасно постапување на институциите со должно внимание.

На овие законски решенија, им претходеше посветена работа од страна на Министерството за труд и социјална политика, во делот на спроведување на Стратегијата за еднаквост и недискриминација 2016-2020 со цел и унапредување на правата на граѓаните како и на ЛГБТИ заедницата и овозможување на еднаква заштита за сите.

„Сите заложби и вложен труд на Владата на Република Северна Македонија и Министерството за труд и социјална политика, изминатиот период, дадоа позитивен фидбек.

За тоа потврдува и напредокот за 12 позиции на нашата држава на Rainbow мапата која ја дава сликата за тоа како изгледа Европа во поглед на состојбата со човековите права на ЛГБТИ лицата. Согласно податоците на оваа мапа, Република Северна Македонија за 2020 година е рангирана на  33 позиција од вкупно 49, односно бележи скок за 12 позиции во однос на претходната година“,  подвлече Шахпаска.

Парадата на гордоста, која за прв пат се оддржа во 2019 година, првата СОС линија за ЛГБТИ заедницата, првиот шелтер центар за жртвите на насилство на припадници на ЛГБТИ заедницата, подготовката на Национален акциски план за унапредување на правата на ЛГБТИ задницата, истакна министерката, се доказ за тоа дека државата сериозно работи на заштитата, почитувањето и унапредувањето на правата на лицата од ЛГБТИ заедницата.

„Она што сакам на крајот да истакнам е дека можеби ова не е доволно, но секако дека како ресорно Министерство кое во фокусот на своето работење му е грижата за ранливите категории на граѓани, вклучително и лицата од ЛГБТИ заедницата, продолжуваме посветено да работиме на нашите заложби, а тоа е градење на општество кое има слух за сите граѓани, општество кое ќе одговори на нивните потреби, затоа што за нас сите граѓани се важни“, порача Шахпаска.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }