19.09.2024

Средба Лимани- Дрекслер: Германија е силен поддржувач на Македонија во остварувањето на нејзините приоритетни цели од кои придобивки  имаат граѓаните 

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денеска се сретна со Амбасадорката на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија Н.Е Петра Дрекслер.

На средбата беше истакната големата поддршка која што Германија и ја дава на земјава децении наназад , како и вложувањето преку разни проекти кои имаат за цел подобрување на стандардот на граѓаните на Македонија. Политиките за вработување, младинските политики, родовата еднаквост и демографијата  беа главните точки на разговор на денешната средба.

Соговорниците зборуваа и за Регионална канцеларија за младинска соработка (RYCO) која е  независен функционален институционален механизам, основан од земјите од Западен Балкан Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија, со цел да го промовира духот на помирување и соработка меѓу младите во регионот преку програми за младинска размена. Притоа, се осврнаа на тоа дека следната година, Македонија е земја претседавач на оваа организација.

Министерот Лимани посочи дека Владата и Министерството посветено работат на вклучување на младите во креирањето на политиките и обезбедување на можности за нивни образовен и професионален развој во својата земја , како и враќање на довербата во системот и нивно убедување да се вратат дома и тука да ги развиваат своите потенцијали.

На состанокот беше истакнато дека Германија е партнер и поддржувач на Северна Македонија на патот кон полноправно членство во ЕУ, преку поддршка во реформите и самиот процес.

Притоа, беше посочено дека  Берлинскиот процес како меѓувладина иницијатива за соработка во насока на забрзување на евроинтегративниот процес е јасен показател за поддршката која ја добиваме од Германија.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }