Средба на министерката Шахпаска со претставници на Центарот за управување со промени (ЦУП)

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска оствари работна средба со претставници на Центарот за управување со промени (ЦУП), кои активно работат на зајакнувањето на капацитетите на јавната администрација, граѓанскиот сектор, бизнис заедницата, евро - интеграцијата со цел позитивни промени во општеството.

На средбата се разговараше за започнатите заеднички проекти на кои работат Министерството за труд и социјална политика и Центарот за управување со промени и проектите и плановите на кои треба да се работи во периодот кој следува. Притоа, акцент беше ставен на проектот кој е во финална фаза, а се однесува на дигитализација на услугите кои детските градинки би ги понудиле на граѓаните.

Имено, се работи за процес на дигитализација на уписот на деца во градинките, систем кој обезбедува избегнување на влијанието на човечки фактор и висока транспарентност на самиот упис во градинките. Преку овој процес се добива едноставен и брз увид на состојбата со исполнетост на капацитетот на градинката и брза информација до родителите кои имаат аплицирано и чекаат упис.

На средбата двете страни изразија уверување за успешно завршување на процесот на дигитализација во градинките во предвидениот рок, но и подготвеност за соработка и на други проекти кои значат модернизација и дигитализација на системот на функционирање на јавната администрација.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->