17.09.2021

Средба помеѓу министерката за труд и социјална политика Шахпаска и постојаната претставничка на УНДП Сахакјан: Вложениот труд и одличната соработка беа предуслов за успех на заедничките проекти

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска одржа проштална средба со постојаната претставничка на УНДП во Република Северна Македонија, Нарине Сахакјан. На средбата се разговараше за досегашната соработка помеѓу УНДП и Министерството за труд и социјална политика.

 

Министерката Шахпаска потенцираше дека поддршката што МТСП со години наназад ја добива од УНДП е многу значајна особено во време на пандемија од Ковид 19.

„Реализиравме многу проекти за обуки и тренинзи на лицата со попреченост за полесен пристап на пазарот на трудот. Вложувавме во социјалната инклузија, помош и поддршка на стари лица, лица со попреченост, и искрено верувам дека оваа соработка ќе продолжи и со новиот претставник на УНДП и истата само ќе се зајакнува“, рече Шахпаска. 

И двете соговорнички изразија задоволство и потенцираа дека дигиталната апликација – Аудио читач „Кико“ е една од најзначајните реализирани услуги, бидејќи за првпат во Република Северна Македонија лицата со оштетен вид добија читач на свој мајчин јазик.

„Апликацијата „Кико“ на лицата со попреченост им помага во секојдневниот живот, но и во извршување на работните обврски. Во октомври и лицата со оштетен вид чиј мајчин јазик е албанскиот ќе имаат можност целосно бесплатно да го користат аудио читачот „Хана“. Големо задоволство ми беше што соработката не изостана и во многу други области од сферата на социјалните реформи за кои се залага Владата“, рече министерката Шахпаска.

На средбата Сахакјан изрази задоволство што соработката се одвивала беспрекорно и нагласи дека УНДП ќе продолжи да ги поддржува сите проекти на МТСП кои ќе бидат предложени за подобрување на социјалните права во државата.

„Вложениот труд и одличната соработка беа предуслов за успех на заедничките проекти. УНДП ќе продолжи да биде близок развоен партнер на Република Северна Македонија“, рече Сахакјан.

На средбата претставничката на УНДП Сахакјан, на министерката Шахпаска и се заблагодари за успешанта соработка со Министерството за труд и социјална политика. Тригодишниот мандат на Сахакјан истекува во октомври.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }