18.05.2022

Тренчевска: Билатералната соработка со Република Франција продолжува, вложуваме во унапредување на родовата еднаквост и пазарот на трудот

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска се сретна со Амбасадорот на Франција Сирил Бoмгартнер. На средбата се разговараше за унапредување на родовата еднаквост и на пазарот на трудот за вклучување на што повеќе лица кое е планирано да се оствари преку соработка помеѓу Министерството за труд и социјална политика и Француската Амбасада. Како и продолжување на претходната билатералната соработка со што се воспоставени пријателски односи. Даден е и предлог за потпишување на меморандум за соработка со Економско социјалниот совет и животна средина од Република Франција.

„Поддршката од Француската Амбасада е од исклучителна важност за нас. Соработката со Економско Социјалниот Совет на Франција и разменувањето на позитивни искуства ќе придонесе до унапредување на социјалните политики и на двете земји. Делот на родовата еднаквост во кој е и моето долгогодишно искуство ми претставува особено задоволство, каде акцентот ќе биде ставен на руралните жени и воспоставување на што поголема родова еднаквост на раководните функции“, рече Тренчевска.

Министерката истакна дека Министерството за труд и социјална политика има голем опфат на сиромашните и маргинализирани групи на граѓани и успешно се справува со предизвиците. Воспоставениот систем за социјална заштита е така поставен што може да ги апсорбира сите потреби и барања во државата.

„Во нашата држава имаме воспоставено Економско Социјален Совет во кој состав влегуваат сите компетентни министерства, репрезентативните синдикати и работодавачи. Трипартитниот пристап е од особена важност при носењето на политики и мерки кои ги засегаат вработените, работодавачите и лицата кои што се вклучени на пазарот на трудот. Како министерство работиме на новиот Закон за работни односи  во кој ќе има новитети кои ќе ги унапредуваат правата на граѓаните. Исто така е во процес на подготовка и Законот за родова еднаквост“, дополни Тренчевска.

Министерката истакна дека преку ЕСС е донесена и минималната плата од 18 000 денари. Целта е да се воспостави систем на плати и Методологија на раст на платите.

Двете страни искажаа особена благодарност за соработката која што продолжува и во наредниот период.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }