18.05.2022

Тренчевска: Поддршката на Сојузот на борци продолжува

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска оствари средба со претседателот на Сојузот на борци, д-р Никола Стојановски, на која уште еднаш беше потврдена поддршката на Владата на Република Северна Македонија на Сојузот на борците во негувањето на традициите, одбележувањето на светлите датуми од Народноослободителната војна и зачувување на споменот на борците.  

Министерката Тренчевска изразувајќи почит кон борците од НОБ, истакна дека благодарение на нивната храброст и одлучност денес ја имаме Република Северна Македонија, меѓународно призната држава со сите постулати на државност, членка на Обединетите нации, членка на НАТО.

Таа посочи дека Владата и Министерството за труд и социјална политика продолжуваат со поддршката на претставниците на Сојузот на борци и во новото модерно и современо општество, затоа што значењето на борците од НОБ за Република Северна Македонија е големо и тој период останува да биде еден од најзначајните периоди во историјата на државата.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }