01.08.2022

Тренчевска: Ранливите категории на граѓани се секогаш во нашиот фокус

„Една од првите задачи кога дојдов како министерка беше измената на Законот за пензиско и инвалидско осигурување со кој што се регулирани пенизиите. Заедно со Сојузот на здруженијата на пензионери и Партијата на пензионери во Република Северна Македонија преку социјален дијалог дојдовме до измени на законот со цел подобрување на животот и статусот на пензионерите во нашата држава“ рече Тренчевска.

Министерката истакна дека 330 000 пензионери се опфатени со новата Методологија за постојан раст на пензиите која што овозможува пензијата да се усогласува 2 пати годишно согласно 50% од порастот на трошоците за живот и 50% од порастот на просечната плата. Таа истакна дека ефектите од измените од законот за пензиско осигурување, пензионерите ќе ги воочат на крајот од септември каде ќе добијат од 7 до 10 проценти повисока пензија од моменталната.

Согласно темата на утринската програма на Македонската радио телевизија министерката се осврна на детската заштита и јавните детски установи во државата.

„Нашата цел до крајот на овој мандат е да достигнеме до 50% вклученост на децата во детските градинки. Во моментот постојат 81 јавна установа за деца  кои што ги финансира државата и 41 приватна детска градинка. Од 2017 година до денеска имаме изградено 71 нов објект за вклучување на децата во предучилишното образование од кои 13 се нови правни лица од општини каде што не постоеле воопшто градинки односно во руралните средини“ изјави Тренчевска.

Министерката дополни дека најголема е листата на чекање на децата во Скопје и затоа ги повика општините на Град Скопје да доставуваат проекти за да може Министерството за труд и социјална политика да го финансира градењето на градинките како и платите на вработените. Тренчевска посочи дека до крајот на 2022 година ќе бидат отворени нови 13 објекти кои што се веќе во завршна фаза.

Во насока на темата правилен детски развој министерката ја објасни и новата апликација „Bebbo“ која како што истакна Тренчевска тоа е апликација воспоставена заедно со Министерството за здравство и Министерството за образование и служи за насочување на родителите и стручниот кадар во градинките за позитивни практики со децата од 0 до 6 години.

„Апликацијата содржи одговори на многу прашања со проверени информации за родителите. Може да се следи вакцинацијата и здарвствените прегледи на децата. Симнувањето на апликацијата е бесплатно додека за нејзиното користење не е потребен интернет“ изјави Тренчевска.

Министерката го заврши гостувањето со последната тема за посетата на Република Полска.

Таа истакна дека целта на посетата беше размена на позитивни практики во делот на социјалното претприемништво земајќи ја во предвид успешноста на Полска во ова поле.

„На крајот од посетата потпишавме Меморандум за соработка со Министерката за семејство и социјална заштита на Република Полска, Марлена Малаг, меморандум кој што значи продлабочување на понатамошната соработка. Сега сме во процес на финализирање на Законот за социјално претприемништво во нашата држава. Ваквата посета во Полска ни даде поширок видик за тоа што треба да направиме за да можеме да им овозможиме на најранливите категории на граѓани да бидат вработени како и да овозможиме услугата од социјалните претпријатија граѓаните да ја добијат во нивната локална самоуправа“ изјави Тренчевска.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }