12.04.2022

Тренчевска: Заедно ќе работиме на решение за прашањето за родителско отсуство и боледување на земјоделките и земјоделците  

Во Министерството за труд и социјална политика денеска се одржа состанок со работната група во чиј состав се претставници на граѓански организации, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за здравство, УЈП, ПИОМ, Агенција за финансиска поддршка за земјоделство и рурален развој и Националната федерација на фармери, поддржана од  Шведската организација за развој Wе Effect.

Формирањето на оваа работна група има за цел изнаоѓање на правен механизам за остварување на платено родителско отсуство и боледување на регистрираните земјоделки и земјоделци, на иницијатива на Националната федерација на фармери.

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска го поздрави формирањето на работната група која ќе работи на изнаоѓање на најсоодветно решение за ова важно прашање , кое ќе се заснова на принципите на владеење на правото, недискриминација и остварување на концептот на социјална држава.  

„Верувам дека ќе пронајдеме соодветен  правен механизам за остварување на правото за користење на платено родителско отсуство и боледување за регистрираните земјоделки и земјоделци, како и заштита од негова злоупотреба, а во насока на поголема мотивираност на руралните жени да ја регистрираат својата дејност,“ рече министерката Тренчевска.

Таа ја истакна својата поддршка на работната група и изрази уверување за успешно решавање на ова прашање, со што ќе бидат потврдени заедничките заложби за унапредување на положбата на руралната жена во општеството.

Министерството за труд и социјална политика со прифаќање на амандман оваа иницијатива ја инкорпорира во стратешките цели на Стратегијата за родова еднаквост 2022-2027 која е во собраниска процедура и истата ќе биде дел од Акцискиот план за родова еднаквост 2022-2024.



Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }