07.07.2021

Заменик министерот Хусејин: „Гаранција за млади“ е успешен проект со кој продолжуваме да ги поддржуваме младите во нашата држава

"Обезбедувањето пристојни можности за вработување за сите граѓани е обврска на Владата на РСМ, а приоритетот е уште поголем по настапување на кризата предизвикана од пандемијата COVID-19“, рече заменик министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин, во воведното обраќање на онлајн работилницата на која беа презентирани резултатите од Проектот за услуги за поддржано вработување на младите во Северна Македонија (2020-2021), проект којшто го спроведува Австриското министерство за социјални прашања.

Тој посочи дека до третиот квартал на 2020 година, бројот на вработени е намален  за приближно 25.000 работни места, со поголеми процент кај младите, но истовремено имаме дополнително намалување на стапката на невработеност како резултат на мерките на Владата за зачувување на работните места кои се проценува дека спасија околу 80.000 работни места.

"Во моментов ја финализираме новата Стратегија за вработување 2027 за промовирање на целосно, продуктивно и слободно избрано вработување. Стратегијата ќе има за цел решавање и на краткорочните последици на пазарот на трудот предизвикани од пандемијата COVID-19, како и на структурните предизвици што влијаат на растот на вработеноста“, истакна заменик министерот Хусејин.

Тој информираше дека кога станува збор за младите луѓе и нивниот статус на пазарот на трудот, во 2019 година забележано е видно подобрување на состојбите со вработувањето на младите, при што го посочи влијанието на владините политики, како што е Гаранција за млади, со која беа опфатени над 25.000 млади луѓе само минатата година.

35 проценти од учесниците во Гаранција за млади добија понуда за вработување, континуирано образование и обука, што се смета за позитивен исход. Спроведувањето на гаранцијата за млади продолжи во 2021 година.

Заменик министерот истакна дека новата Национална стратегија за вработување предвидува продолжување на Гаранцијата за млади, чиј план за имплементација ќе биде унапреден во 2022 година, при што ќе се земат предвид повеќе аспекти, како постигнатиот напредок, влијанието на пандемијата врз вработувањето на младите и подобрувањата направени во Програмата за поддршка на млади на ЕУ и Зајакнатата гаранција за млади на ЕУ. 

"Искуствата од имплементација на проектот ќе ги имаме предвид при модернизирање на легислативата во делот на пазарот на трудот во  текот на оваа и наредната година, а ќе послужат и за подобрување на „Гаранцијата на млади“ и процесите на активација на ранливите групи“, рече заменик министерот Хусејин.

Тој упати благодарност до Министерството за социјална политика, здравство, нега и заштита на потрошувачи на Република Австрија за поддршката којашто ни ја обезбедува во континуитет, како и на ВИН ВРК и на сите други партнери во проектот за воведување на овие значајни услуги за поддршка на најранливите групи на млади лица во нашата земја.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }