04.03.2021
Заменик министерот Хусејин на примопредавање на донација од УНХЦР


Заменик министерот за труд и социјална политика Енвер Хусејин, денеска присуствуваше на примопредавање на донација од УНХЦР за потребите на Прифатно- Транзитниот центар – Винојуг, Гевгелија.

 

 

„Во оваа прилика би сакал да ја истакнам благодарноста за долгогодишната успешна соработка остварувана помеѓу УНХЦР и Министерство за труд и социјална политика – партнерство коешто се развива уште од далечна 1999 година и првите поголеми кризни ситуации со бегалците во нашиот регион. Таа соработка продолжува низ годиниве, во кој период земјата успешно се справуваше со Косовската бегалска криза, со транзиција од хуманитарни кон системски решенија за поддршка на бегалците, но и со последната тн. Европска бегалска криза којашто сите не изненади во првата половина на 2015 година,“ истакна заменик министерот Хусејин. Тој поочи дека токму тука, во Транзитниот центар-Винојуг, заедно со УНХЦР преку соработката со државни институции–ЦУК, МВР, Здравство, како и претставниците на невладините и меѓународни организации – Црвен Крст и други –е одговорено  на големите хуманитарни предизвици кога низ земјата поминуваа и до 10.000 лица на дневна основа. 


„Би сакал да истакнам дека покрај горе наведените институции, нетреба да ја заборавиме улогата на локалната самоуправа, нејзината агилност, хуманост, и ресурсите кои беа дадени во насока на справување со мигрантскиот бран низ државата, како и брзото нејзино адаптирање на ново настанатата состојба со што огромниот број на мигранти кои транзитираа низ земјата не го наруши нормалното живеење на локалното население ,“ потенцираше Хусејин.


Република Северна Македонија, Министерството за труд и социјална политика, остануваат посветени кон исполнување на меѓународните обврски во заштита на бегалците, како и исполнување на сите стандарди за прифат на ранливите лица.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }