Заменик министерот Хусејин учествуваше на он лајн конференција „Пристап на жените од руралните средини до правото на имот"

„Родовата еднаквост е заедничка обврска и приоритет на Владата на Република Северна Македонија. Родовата еднаквост е дел од Програмата за работа на Владата 2020-2024 и исто така е обврска од Агендата за одржлив развој до 2030 година како на национално така и на локално ниво“, истакна заменик министерот Енвер Хусејин на денешната он лајн конференција организирана од страна на национална федерација на фармери на темата „Пристап на жените од руралните средини до правото на имот".

Тој посочи дека концептот на еднакви можности означува дека жените и мажите треба да имаат еднакви права на човечки, социјален, економски и културен развој, како и подеднакво право на глас во општествениот и во политичкиот живот. Во остварувањето на овој концепт важна улога имаат и жените кои живеат во руралните средини. 

„Жените во рурални средини се соочуваат со голем број на предизвици, а тоа е социјална исклученост, невработеност, родова дискриминација, нееднаква распределба на приходите и ресурсите, доминација на традиционалните норми, лишување од сопственост на земјоделско земјиште и имот, лишување од право на платено родителско отсуство, ограничени пристапи и понуда на образование, информации, здравствена заштита, јавни и социјални услуги“, посочи Хусејин.

Заменик министерот Хусејин истакна дека врз основа на истражувањето спроведено од Факултетот за земјдолски науки и храна – Скопје во 2019 година, жените во земјоделскиот сектор се недоволно зајакнати во споредба со мажите во однос на сопственоста на имотот, придонесот во донесувањето одлуки, контролата врз користењето на приходот и нивниот потенцијал за лидерство.

Тој информираше согласно податоците од Министерството за земјоделие во последниот извештај за унапредување на родовата еднаквост за 2019 година, дека  4.07% од жените се сопственици на имотот/куќата наспроти 95.9% мажи. Додека пак во однос на сопственост на земјиштето 12.01% од жените се сопственици на земјиштето  наспроти 87.99% од мажи.

„Министерството за труд и социјална политика како прва приоритетна активност за 2020 година по формирањето на новата Влада го достави Законот за спречување и заштита од дискриминација до Собранието за усвојување, кој беше усвоен во ноември 2020 година. Истовремено во 2020 беше доставен во собранието и Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, кој беше усвоен во Јануари 2021 година, со кој уредува преземањето на мерки за превенција од насилство врз жените и семејното насилство, постапувањето на институциите за заштита на жените од насилство и семејно насилство, меѓусебната координација на институциите и организациите, услугите за заштита на жртвите и собирањето на податоци за насилството врз жените и семејното насилство. Во оваа насока продолжуваме активно да работиме и на отварање на нови услуги за згрижување на жените жртви на насилство согласно Истанбулската конвенција и Националниот акциски план за спроведување на истатата.

Заменик министерот Хусејин истакна дека Министерството за труд и социјална политика оваа година започна и со процесот за подготовка на новата Стратегија за родова еднаквост која ќе опфати голем дел од барањата на жените земјоделки, како и дека во рамки на Министерството формирана е работна група која работи на измени и дополнувања на Законот за еднакви можности на жените и мажите во насока на унапредување на механизмите за родова еднаквост како на национално така и на локално ниво.

Тој потенцираше дека во наредниот период МТСП ќе продолжи да работи на креирање на политики и мерки за вработување кои ќе влијаат врз намалување на неактивноста на жените на пазарот на трудот, политики кои го уредуваат родителското отсуство, заштитата на работното место, флексибилното работно време и скратеното работно време и работни места кои се прилагодени за мајките, што веќе се работи во рамки на измените на Законот за работни односи.

„Министерството за труд и сопцијална политика секогаш ќе биде партнер на граѓаните со цел креирање на мерки за квалитетно живеење и обезбедување на еднакви права и можности за сите“, заклучи заменик министерот Хусејин.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }