Заменик министерот за труд и социјална политика, Хусејин учествуваше на првата средба на Управувачкиот одбор во рамките на програмата “Миграциски дискурс, политика и планирање базирано на докази“

Заменик министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин како член на УО и Државниот советник за еднакви можности Елена Грозданова заменик член во УО, учествуваа на првата средба на Управувачкиот одбор формиран во рамките на програмата “Миграциски дискурс, политика и планирање базирано на докази“. 


МТСП како еден од носечките партнери заедно со други државни институции надлежни за миграцијата и миграциските кризи во заеднички проект на ИОМ, УНФПА, УНХЦР, а во координација со канцеларијата на постојаниот претставник на ОН во РСМ во спроведување на  програмата насловена како “Миграциски дискурс, политика и планирање базирано на докази“ ќе се вклучи во подобрување на управувањето со демографската и миграциската динамика во земјата.


Од страна на Г-дин Хусејин беше  потенцирана подготвеноста и поддршката на МТСП во спроведување на овој важен проект како и потребата од вклучување на родовата перспектива во политиките и програмите кои ќе произлезат од проектните активности.Во рамки на оваа програма која ќе трае до 2023 год. ќе се развијат политики кои имаат за цел да ги поддржат  националните институции вклучувајќи го и МТСП  во подобрување на управувањето со демографската и миграциската динамика во земјата. 


Министерството за труд и социјална политика преку сите постоечки капацитети ќе се вклучи во планираните активности со цел ефикасен одговор на предизвиците со кои се соочуваат огромен број на земји во светот вклучувајќи ја и Република Северна Македонија. 

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->