Центри за дневен престој за лица со попреченост

Во Република Северна Македонија се спроведува процесот на деинституционализација, кој што од една страна подразбира излегување на корисниците од установите за социјална заштита, а од друга страна развој на социјални услуги во домот, заедницата и услуги за вон-семејна заштита, кои ја поддржуваат независноста, самостојното живеење, вклучување и дејствување на лицата со попреченост во заедницата, како и обезбедување на помош и поддршка кон нивните семејства. 

Согласно меѓународната и националната легислатива за децата и лицата со попреченост и тековните процеси на трансформација и развој на социјалните услуги преку процесите на децентрализација и деинституционализација, во Република Северна Македонија во системот на социјална заштита како услуга во заедницата за децата и лицата со попреченост, во континуитет се развива мрежата на центри за дневен престој, започнувајќи од 2000-та година.

Основањето на центрите за дневен престој се врши согласно одредбите од Законот за социјалната заштита и Правилникот за начинот, обемот, нормативите и стандардите за давање на социјалната услуга за дневен престој, за рехабилитација и реинтеграција и за ресоцијализација и за простор, средства, кадри определени според степен на квалификации и профили според видот на услугата и бројот на корисници и потребната документација за центар за дневен престој, центар за рехабилитација и центар за ресоцијализација. Досега отворените центри за дневен престој функционираат како организациони единици на меѓуопштинските центри за социјална работа и целосно се финансирани од страна на Министерството за труд и социјална политика.

Со услугата за дневен престој се обезбедува дневно згрижување, исхрана одржување лична хигиена, индивидуални активности за стекнување животни и работни вештини, воспитни, социјални, културни и рекреативни активности, превентивни активности, советување, едукација, образовна поддршка, социјална поддршка на лицата и нивните семејства и други сродни активности, во зависност од потребите на корисниците.Во центрите за дневен престој се обезбедуваат услуги за најмногу 24 корисници со попреченост во еден објект, со што се овозможува квалитетна грижа, можност за спроведување на индивидуален пристап и третмани, групна работа, од страна на специјални едукатори и рехабилитатори, логопеди, психолози, физиотерапевти и други профили. Во Република Северна Македонија се отворени и функционираат центри за дневен престој за лица со попреченост, кои што се лоцирани во урбани средини, со што овозможува лесна соработка со сите други институции на локално ниво (образовни, социјални, здравствени установи и др.) и интеграција на корисниците во локалната заедница. 

Министерството за труд и социјална политика отвори  центри за дневен престој во: Крива Паланка, Берово, Битола, Гевгелија, Гостивар, Делчево, Македонски Брод, Кавадарци, Свети Николе, Кичево, Куманово, Прилеп (центар за лица со попреченост, центар за лица со церебрална парализа), Пробиштип, Скопје (центар за лица со попреченост, центар за лица со церебрална парализа, центар за деца со аутизам и центар за деца и лица со Даунов Синдром), Тетово, Велес, Штип (центар за лица со попреченост и центар за деца со аутизам), Виница, Ресен, Крушево, Дебар, Кратово, Струмица,  Кочани, Македонска Каменица и Валандово. Во рамките на ЈУ Завод за рехабилитација на деца и младинци-Скопје, како посебен оддел функционира дневниот центар за лица со интелектуална попреченост над 26 годишна возраст.  Во центрите за дневeн престој се опфатени над 450 корисници.  

Сите центри за дневен престој работат пет дена во неделата по 8 часа дневно, а почетокот и завршетокот на работното време во секој центар е прилагоден на потребите на корисниците и нивните родители. Корисниците услугите на центрите за дневен престој ги користат преку организирано доаѓање и враќање. Една од приоритетните насоки на Министерството за труд и социјална политика е проширување на мрежата на центрите за дневен престој во оние општини каде што се уште не се развиени услуги на дневен престој за лицата со попреченост. 

Министерството за труд и социјална политика кофинансира и 6 дневни центри за младинци и возрасни лица со ментална попреченост, кои што се управувани од страна на Републичкиот и Регионалниот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост "ПОРАКА" од Скопје и Неготино. 

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }