Настани/најави/соопштенија
05.11.2024
Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец октомври 2024 година.
Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 05 ноември 2024 година.
Повеќе
04.11.2024
Лимани: Интензивно работиме на намалување на листите за упис во детските градинки
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денеска учествуваше на петтата трибина во рамките на Платформата „100% Посветено за тебе“ со фокус на социјалната и здравствената заштита во нашето општество.
Лимани одговарајќи на прашање за долгите листи на чекање за упис во детските градинки, се осврна на фактот дека во првите 100 дена, беа започнати градежни активности на 2 градинки, а уште две се отворени. Но го спомна и потпишувањето на договорот за грант со општините, проект на Владата, каде што влегуваат уште две градинки.
Повеќе
04.11.2024
Лимани: Ја зголемуваме поддршката и инклузијата на ранливите категории граѓани
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денеска учествуваше на петтата трибина во рамките на Платформата „100% Посветено за тебе“ со фокус на социјалната и здравствената политика во нашето општество.
Повеќе
1.11.2024
Средба Лимани- Милер: Со силна поддршка на УНИЦЕФ, наскоро и Северна Македонија ќе ја воведе Европската детска гаранција
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денеска оствари средба со претставничката на УНИЦЕФ Лесли Милер и нејзините соработници.
Повеќе
31.10.2024
Во тек е исплатата на образовен додаток – дополнителна исплата за учебна година 2023/2024година
Министерството за социјална политика, демографија и млади известува дека во тек е исплатата на образовен додаток – дополнителна исплата за учебна година 2023/2024година.
Повеќе
31.10.2024
Велковски: Наша највисока цел останува спроведување на највисоките стандарди за ефикасна заштита на жртвите на родово базирано насилство
Во организација на Министерството за социјална политика, демографија и млади и германската хуманитарна организација Arbeiter-Samariter-Bund (АСБ) во рамките на проектот „Обединети против семејното насилство во Западен Балкан–Регионална соработка и поддршка за прифатилишта за жртви на семејно насилство“, денеска се одржа Регионална конференција на која, покрај заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски учествува и Јан-Аксел Фос, заменик на амбасадорот на Германската амбасада во Северна Македонија, како и министри и советници на министри од Босна и Херцеговина, Косово и Србија.
Повеќе
30.10.2024
Лимани: Новата детска градинка во Ѓорче Петров ќе обезбеди влез на нови 100 деца во предучилишното воспитание и образование
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денеска заедно со Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицковски, градоначалникот на О. Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, министерот Мисајловски, заменик министерот Велковски, и останати присутни пратеници, советници и граѓани, симболично го означија почетокот на изградба на новата детска градинка во населеното место Стопански Двор, О. Ѓорче Петров.
Повеќе
29.10.2024
Велковски: Спортот е моќна алатка за зајакнување на младите, развој на основните животни вештини и поттикнување на регионалната соработка
Заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски учествуваше на настанот насловен „Регионална соработка и зајакнување на младите преку спортот“ во организација на Регионалната канцеларија за младинска соработка - РИКО (RYCO), Амбасадата на Германија и Германското друштво за меѓународна соработка -ГИЗ (GIZ).
Повеќе
29.10.2024
Велковски: Предизвиците со кои се соочува современото семејство се комплексни и бараат холистички пристап
Заменик министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски се обрати на Меѓународната конференција на тема: „Предизвиците на современите семејства“, организирана од Институтот за семејни студии при Филозофскиот факултет, кој годинава го одбележува својот 10-годишен јубилеј.
Повеќе
28.10.2024
Лимани: Да им се доближиме на нашите граѓани со развој на повеќе социјални услуги согласно нивните потреби и потребите на целото семејство
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани по повод одбележување на Интернационалниот ден на нега, грижа и поддршка, учествуваше на Тркалезна маса и презентација на Препораките за политики околу втемелување на семејниот пристап при осмислување и спроведување услуги на грижа и нега.
Повеќе
28.10.2024
Лимани: Интензивно работиме на јакнење на капацитетите на предучилишното воспитание и образование
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денеска учествуваше на завршен настан на проектот „Подигнување на квалитетот на предучилишното образование и грижа“. Оваа иницијатива, финансирана од Европската Унија, целеше кон подигнување на квалитетот на услугите за предучилишно образование и грижа.
Повеќе
22.10.2024
Средба Лимани- Бауер во Женева: Заедно со UNFPA ги мапираме предизвиците и креираме решенија кои вистински ќе им помогнат на граѓаните
Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани денеска одржа особено важна средба со Регионалната директорка за Источна Европа и Централна Азија на UNFPA, Флоренс Бауер во Женева.
Повеќе