Настани/најави/соопштенија
15.10.2024
Средба Лимани-Шчекич: Само обединети како регион можеме да одиме напред и да се приклучиме на глобалниот економски пазар
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, во рамки на работната посета на Берлин, заради учеството на Форумот за млади од Западен Балкан, оствари билатерална средба и со министерот за спорт и млади на Црна Гора, Драгослав Шчекич.
Повеќе
14.10.2024
Средба Лимани - Чеку од Форумот за млади, Берлин: Со заеднички напори заложбите за подобро утре за младите да ги преточиме во дела
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани за време на работната посета на Берлин поради учество на Форумот за млади, во рамки на Берлинскиот процес, ја искористи приликата за директни средби со министрите од земјите на Западен Балкан.
Повеќе
14.10.2024
Средба Лимани – Мужаќи на маргините на Форумот за млади во рамки на Берлинскиот процес
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани на маргините на Форумот на млади во рамки на Берлинскиот процес, оствари средба со државната министерка за млади и деца на Албанија, Бора Мужаќи.
Повеќе
13.10.2024
Лимани од Форумот за млади во рамки на Берлинскиот процес: Младите, претставуваат клучна демографска група во обликувањето на иднината на Европа
Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани е во посета на Берлин, Сојузна Република Германија заради учество на Форумот за млади на земјите од Западен Балкан, како дел од настаните организирани во рамки на Берлинскиот процес на 13-ти и 14-ти Октомври.
Повеќе
12.10.2024
Министерoт Лимани учествува на Форумот за млади на земјите од Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес
Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани денеска отпатува за Берлин, Сојузна Република Германија на Форумот за млади на земјите од Западен Балкан како дел од настаните организирани во рамки на Берлинскиот процес на 13-ти и 14-ти oктомври.
Повеќе
10.10.2024
Мицкоски: Владата е партнер на синдикатите и работодавачите, продолжуваме со соработка
За нас како Влада главна и стратешка определба претставува економијата, односно подобрување на перформансите на економијата, бидејќи ако немаме добра и стабилна економија, тогаш немаме ништо во државата, порача Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски на денешната прва конститутивна седница на Економскиот социјален совет.
Повеќе
10.10.2024
Велковски по повод 59 години од основањето на ЈУ Детски Дом „11 Октомври“-Скопје: Деинституционализацијата е успешна доколку продолжи грижата за децата и понатаму со понуда на различни социјални услуги
Заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски присуствуваше на одбележување на 59-годишнината од основањето на ЈУ Детски Дом „11 Октомври“- Скопје.
Повеќе
08.10.2024
Сабриу: Интеграцијата и активното учество на Ромите во општествените процеси носат бројни придобивки за целото општество
Државниот секретар на Министерството за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Сабриу учествуваше на Националната конференција за имплементација на политиките за инклузија на Ромите, во организација на Институтот за истражување и анализа на политики-Ромалитико. На настанот учествуваа разни општествени чинители кои работат на инклузија на ромската заедница и остварување на целите на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022 – 2030.
Повеќе
07.10.2024
Сабриу: Интеграцијата на ранливите категории на граѓани во системот покрај за нив, носи придобивки за целото општество
Државниот секретар на Министерството за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Сабриу, заедно со Министерот за економија и труд, Дурмиши, Раководителот во Делегација на ЕУ во земјава, Албу, Директорот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, Бељули, учествуваа на завршната конференција посветена на презентација на постигнатите резултати од спроведените мерки и услуги за вработување поддржани од проектот „Активација на ранливи групи на пазарот на трудот“, четврт директен грант на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, финансиран од Инструментот за претпристапна помош. Европската Унија финансиски го поддржа овој Проект како дел од Акциска програма 2017-ЕУ поддршка на образованието, вработувањето и социјалната политика.
Повеќе
05.10.2024
Лимани: Продолжуваме 100% посветено да работиме исклучиво во интерес на децата, младите, пензионерите и ранливите категории граѓани
Почитувани претставници на медиумите,
Почитувани граѓани,
Отчетноста и транспарентноста се одлики на добра управувачка практика и владеење на демократијата во една земја. Тоа значи јасно и отворено информирање на граѓаните за сработеното, за она што е во тек и плановите на среден и долг рок.
Како Влада и ресорни министерства, ја имаме одговорноста од носењето на одлуките до нивната реализација. Затоа што вие, граѓаните, ни ја дадовте вашата доверба, која ние носителите на државни функции треба да ја оправдаме.
Повеќе
04.10.2024
Велковски во работна посета на Општина Крушево
Заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски беше во работна посета на општина Крушево, при што оствари средба со градоначалникот Томе Христовски, на која што детално се разговараше за клучните предизвици со кои се соочува општината, особено во делот на предучилишното образование, социјалните услуги и загрижувачкиот тренд на иселување на младите.
Повеќе
04.10.2024
Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец септември 2024 година.
Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 04 октомври 2024 година.
Повеќе