Детско одморалиште

Дејноста одмор и рекреација се обезбедува и остварува во јавно и приватно детско одморалиште. Општинско детско одморалиште и детско одморалиште на градот Скопје основа општината и Градот Скопје. Советот на општината и советот на Градот Скопје донесува одлука за основање на јавно детско одморалиште, по претходно прибавено мислење од Министерството.Државно детско одморалиште основа Владата на предлог на Министерството. Средствата за основање и работа на детското одморалиште ги обезбедува основачот.
Јавно детско  одморалиште  се основа од страна на советот на општината и советот на Градот Скопје и Владата, со одлука за основање на јавно детско одморалиште  по претходно прибавено мислење од Министерството односно на предлог на Министерството за јавна детска градинка основана од Владата.

  • Основачот, од како ќе донесе одлука за основање на јавно детско одморалиште, до Министерството  за труд и социјална политика доставува барање за добивање на решение за вршење на дејноста, за отпочнување со работа на установата.
  • Со барањето доставува акт за основање со кој се утврдува особено: назив, односно име на основачот; назив, односно име на фирмата на установата и седиште на установата за деца; видот на дејноста на установата за деца; средства за основање и почеток со работа на установата за деца и начин на обезбедување на средства; време за кое установата се основа; права и обврски на основачот во поглед на вршењето на дејноста и меѓусебни права и обврски на установата за деца и основачот; управување со установата за деца; права и обврски на  установата за деца во правниот промет; вршител на должноста директор и  рок за донесување на статутот. 
  • Одобрението за основање на приватна установа за деца (детско одморалиште)  се издава врз основа на поднесено барање на правно односно физичко лице. 
  • Барањето за добивање одобрение за основање на приватна установа за деца  (детско одморалиште)  се доставува до Министерството за труд и социјална политика. 
  •  Кон барањето за добивање одобрение за основање на приватна установа за деца  (детско одморалиште) се поднесува елаборат за потребите од ваков вид на установа и документација за потребните услови  (обезбедени соодветни просторни услови, опрема и дидактички средства, согласно со пропишаните стандарди и нормативи за вршење на дејноста; донесени програми за вршење на дејноста; обезбедени соодветни и стручни и други работници, согласно со пропишаните стандарди и нормативи за вршење на дејноста и дали се обезбедени потребни финансиски средства). 
    (Основачот со елаборатот за основање на установата го определува видот и обемот на дејноста, просторните услови, опремата, потребниот број стручни кадри, програмата за вршење на дејноста и јазикот на кој се изведуваат активностите од програмата, начин на обезбедување на средства за вршење на дејноста, заштита при работа на вработените и заштитата на корисниците на јавната услуга).
  • По добивање на Барањето министерот формира комисија која врши  непосреден увид во исполнетоста на условите за давање одобрение за основање и изготвува  записник од истиот.
  • Одобрението за основање на приватна установа за деца-детско одморалиште го дава Владата по претходно мислење на Министерството за труд и социјална политика, доколку се исполнети условите предвидени во Законот за заштита на децата (обезбедени соодветни просторни услови, опрема, согласно со пропишаните стандарди и нормативи за вршење на дејноста; донесени програми за вршење на дејноста; обезбедени соодветни и стручни и други работници, согласно со пропишаните стандарди и нормативи за вршење на дејноста и дали се обезбедени потребни финансиски средства) и доколку програмите ги исполнуваат стандардите и нормативите  за вршење на дејноста.

    (Со одлуката на Владата за давање одобрение за основање на приватна установа за деца-детско одморалиште  се утврдува:  видот на дејноста за која се основа установата; потребниот кадар, опрема, простор, според стандарди и нормативи за вршење на дејноста;   планиран број на опфат на деца; програма за вршење на дејноста;  јазикот на кој се изведуваат активностите содржани во програмата и почеток со работа на приватната установа)
  • По добивањето на Одлуката за давање одобрение за основање на приватна установа за деца –детска градинка, Министерството за труд и социјална политика ја доставува истата до основачот со известување за начинот (постапката) на добивање решение за вршење на дејноста.
  • Основачот до Министерството  за труд и социјална политика доставува барање за добивање на решение за вршење на дејноста , за отпочнување со работа на установата.
  • Со барањето доставува акт за основање со кој се утврдува особено: назив, односно име на основачот; назив, односно име на фирмата на установата и седиште на установата за деца; видот на дејноста на установата за деца; средства за основање и почеток со работа на установата за деца и начин на обезбедување на средства; време за кое установата се основа; права и обврски на основачот во поглед на вршењето на дејноста и меѓусебни права и обврски на установата за деца и основачот; управување со установата за деца; права и обврски на  установата за деца во правниот промет; вршител на должноста директор и  рок за донесување на статутот.
    (Ако установата ја основат двајца или повеќе основачи доставуват и договор за заедничко основање на установата, со кој се уредуваат  меѓусебните односи како соосновачи на установата, а особено нивните права и обврски).

    Детско одморалиште   може да отпочне со работа откако министерот ќе утврди дека се исполнети условите утврдени со овој закон и другите прописи и ќе донесе решение за вршење на дејноста.
  • Решението се донесува врз основа на мислење на комисија, составена од три члена, именувани од министерот за труд и социјална политика. 
  • По донесување на решението за вршење на дејноста, установата за деца – детско одморалиште се запишува во соодветниот регистар на Централниот регистар на Република Македонија.

           

Детско одморалиште  има  статут со кој се пропишуваат организација, начин на работа,  управување и раководење.  Со договор се уредуваат  правата и обврските на  детското одморалиште  и корисниците на услугите  за одмор и рекреација, со кој особено  се регулираат меѓусебните односи на давателот и корисникот на услугата, квалитетот на услугата, начинот на плаќањето, изборот на програмата, должината на престојот на детето во установата и други прашања во поглед на заштита на детето и дејноста на детското одморалиште.

 Одмор и рекреација може да се организира и за деца со пречки во развојот според посебни програми.

 Одмор и рекреација во јавно детско одморалиште се остварува според програми за остварување на дејноста кои ги изработува научна или специјализирана стручна установа, односно стручен  орган или друг орган, а ги донесува министерот.

Програмите за дејноста одмор и рекреација на деца содржат особено: назив на програмата, вид и траење, основни задачи и активности.

Програмата за одмор и рекреација на приватното детско одморалиште ја донесува основачот по претходно прибавено позитивно мислење од Министерството.

Програмата во зависност од видот, обемот и карактерот на дејноста, ги содржи условите, критериумите и стандардите за вршење на дејноста утврдени со овој закон како и времетраењето, целите и содржините на активностите.

Во приватно детско одморалиште одморот и рекреацијата на деца може да се оствари  и  согласно програмите за остварување на дејноста на јавно детско одморалиште, за што одлучува органот на приватното детско одморалиште во согласност со актот за основање .

 Јавно детско одморалиште организира и спроведува програми за:

  •  зимување;
  • летување;
  • настава во природа и
  • други програми (екскурзии, кампување, излети, походи, семинари, мини-скијачка школа, рекреативно-еколошка школа, исхрана на децата и друго).

Програмата за зимување е наменета за деца од училишна и предучилишна возраст за време на зимскиот распуст, а во останатиот период од зимата детското одморалиште може да работи како установа, односно одморалиште од отворен тип.

Програмата за летување е наменета за деца од предучилишна возраст и за деца од училишна возраст за време на летниот распуст.

Програмата за настава во природа е наменета за деца од училишна возраст и ќе се остварува во согласност со наставните планови на основните училишта.

Другите програми се остваруваат во зависност од потребите на корисниците и слободните термини во детското одморалиште.

Работата во детското одморалиште се организира во групи, во зависност од возраста на децата и тоа:

               1) до 6 години живот .................... од   6 –   8 деца

               2) над 6 до 10 години живот ..... од 10 – 15 деца

               3) над 10 до 13 години живот ... од 15 – 18 деца

               4) над 13 до 15 години живот ... од  18 – 20 деца

               5) над 15 до 18 години живот ... од  20 – 25 деца.

Јавното детско одморалиште донесува годишна програма за работа.

Годишната програма за работа содржи особено:организација и работно време на одморалиштето, исхраната, видот на програмите на детското одморалиште, времетраењето на смените на одделните облици на одмор и рекреација, работата на директорот и другите работници во одморалиштето, соработка со воспитно-образовни, спортски, здравствени, културни, научни и други установи, фондации и здруженија, работа на стручните органи и други работи за остварување на дејноста.

Програмата, детското одморалиште е должно да ја донесе најдоцна до 30 септември во тековната година за наредната година.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }