Згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст

 


Згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст е облик на заштита на деца кој како дејност се организира за згрижување, престој, нега, исхрана, воспитно-образовни, спортско-рекреативни, културно-забавни активности, мерки и активности за подобрување и зачувување на здравјето и за поттикнување на интелектуалниот, емоционалниот, физичкиот, менталниот и социјалниот развој на детето до 6 години живот, односно до вклучување во основото образование. Детска градинка може да обезбедува престој и исхрана и за деца над шест години, односно од поаѓање во основно училиште до десет години возраст.
Згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст е облик на заштита на деца кој  го сочинуваат сите правни и физички лица на територијата  на Република Македонија чија основна дејност е вршење работи поврзани со  згрижување и воспитување на деца од предучилишна  возраст.   

Под правни лица се подразбираат установи  организирани како јавни установи и приватни установи .

Под физички лица , се подразбираат физички лица кои вршат одредени работи од дејноста  згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст.

Згрижување и воспитание на деца се организира во:

  • Детски градинки;
  • Центри за ран детски развој;

Одредени работи од дејноста зрижување и воспитание на децата од предучилишна возраст, односно до поаѓање во основното училиште на повик може да врши Агенција  за давање услуги за чување и нега на деца од предучилишна возраст, како и физички лица кои самостојно врши одредени работи од дејноста .

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }