Издавање на посебна лиценца за водител на случај

Посебна лиценца за водител на случај се издава на стручни работници вработени во центар за социјална работа. За посебна лиценца за водител на случај може да аплицираат вработените во центар за социјална работа кои се распоредени на работно место водител на случај. 

Аплицирањето за стекнување со посебна лиценца за водител на случај се врши во точно определени сесии кои се објавуваат во делот Известување

Кандидатите кои аплицираат е потребно  да поднесат барање за полагање на посебен испит за стекнување со посебна лиценца за водител на случај, заедно со другите потребни документи во рокот кој ќе биде наведен во сесијата и истите да ги достават на адресата на ЈУ Завод за социјални дејности - Скопје , ул. 11 Октомври 42 - а, со назнака за Комисија за лиценцирање (за посебна лиценца), по пошта или лично во архива. 

Потребни документи за аплицирање:

Согласно Правилникот  за начинот за издавање, продолжување, обновување и одземање на лиценцата за работа на стручните работници, формата и содржината на образецот на лиценцата за работа (Сл. весник на РСМ, бр.79/2020) и Програмата за полагање на испит на ЈУ Завод за социјални дејности – Скопје, кандидатите треба да ги поднесат следните документи:

  • барање за полагање на стручен испит за стекнување со лиценца за работа (образец);
  • доказ дека со правосилна одлука не му е изречена забрана за вршење на професија, дејност или должност се додека траат последиците од забраната (да се приложи документот не постар од 6 месеци);
  • потврда за помината почетна едукација спроведена согласно Програмата за континуирана професионална едукација на стручните работници во установите за социјална заштита и кај други даватели на социјални услуги (потврдите ќе бидат изготвени и ставени во прилог на досието од страна на ЈУ Завод за социјални дејности, за сите стручни работници кои ја имаат поминато почетната едукација со сите задолжителни содржини предвидени во програмата (потврдата ја издава ЈУ Завод за социјални дејности по службена должност, при аплицирање);
  • решение за распоредување на работно место на давател на јавна услуга ( водител на случај) 
  • доказ за постоечка општа лиценца за работа ( копија од решение или лиценца)
  • доказ за платен надоместок за трошоците за издавање на лиценца за работа (уплатница);
  • приказ на студија на случај (образец) (во четири примероци) (електонски изготвена во четири примероци и да се однесува на услугата на која кандидатите работат во моментот).

Кандидатите кои ќе аплицираат за стекнување со посебна лиценца за водител на случај, потребните документи ги приложуваат во оригинал или копии заверени од нотар. Кандидатите кои имаат промена на идентитет (лично име и презиме) потребно е да достават доказ за личниот идентитет (извод од матична книга на родени, извод од матична книга на венчани или решение за промена на лично име и презиме).

Kонтакт: 

Служба за правни, финансиски и административни работи, човечки ресурси и професионален развој

Телефон:

  • 076 475 451               
  • 075 242 953             
  • 02/3230-401  

e-mail: licenciranjezsd@mtsp.gov.mk

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }