Продолжување на лиценца за работа
Поднесување на барање за продолжување на лиценца за работа доставува стручниот работник, кој од оправдани причини (болест, породилно отсуство, платено или неплатено отсуство и слично) не ги исполнил условите за обновување на лиценца, односно нема доволен број на бодови, согласно Програмата за континуирана професионална едукација во установите за социјална заштита и кај други даватели на социјални услуги.
Барањето за продолжување на лиценца заедно со другите потребни документи стручниот работник ги доставува на адресата на ЈУ Завод за социјални дејности, ул. 11 Октомври 42 - а, со назнака за Комисија за лиценцирање, по пошта или лично во архива, веднаш по враќањето на работа. Комисијата за лиценцирање ја продолжува лиценцата за работа за наредните шест месеци по враќање на работа, во кој период стручниот работник треба да ја заврши задолжителната едукација, односно да ја заврши континуираната едукација.
Потребни документи за продолжување на лиценца:
- барање за продолжување на лиценца за работа (образец);
- доказ за постоечката лиценца за работа (копија од решение или лиценца);
- Доказ дека со правосилна одлука не му е изречена забрана за вршење на професија, дејност или должност се додека траат последиците од забраната (не постар од 6 месеци);
- решение за распоредување на работно место на давател на јавна услуга (за вработените во јавните установи) или договор за работа за вработените кај други даватели на социјални услуги и
- доказ за платен надоместок за трошоците за издавање на лиценца за работа (уплатница)
- Докази за постоење на оправдани причини за спреченост за исполнување на условите за обновување на лиценца (копии од документи за болест, породилно отсуство, платено или неплатено отсуство и слично).
ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ СЕ ДОСТАВУВААТ ВО ОРИГИНАЛ ИЛИ КОПИЈА ЗАВЕРЕНА НА НОТАР. Кандидатите кои имаат промена на идентитет (лично име и презиме) потребно е да достават доказ за личниот идентитет како копија (извод од матична книга на родени, извод од матична книга на венчани или решение за промена на лично име и презиме).
Контакт:
Служба за правни, финансиски и административни работи, човечки ресурси и професионален развој
Телефон:
- 076 475 451
- 075 242 953
- 02/3230-401
e-mail: licenciranjezsd@mtsp.gov.mk