Траен надоместок
Право на траен надоместок има:
• згрижувач кој згрижувал лице во своето семејство најмалку петнаесет години, по наполнување на 62 години на живот за жена, односно 64 години на живот за маж, кој е невработен и не користи право на пензија по која било основа и
• родител кој се грижел за детето со попреченост и родител кој се грижел за детето до неговата 26 годишна возраст, без истото да користи услуга на вон-семејна социјална заштита, кој е невработен и не користи право на пензија.
Право на траен надоместок за згрижувач има згрижувач кој згрижувал лице во своето семејство најмалку петнаесет години, по наполнување на 62 години на живот за жена, односно 64 години на живот за маж, кој е невработен и не користи право на пензија по која било основа.
Правото не може да се оствари доколку центарот за социјална работа еднострано го раскинал договорот за сместување лице во згрижувачото семејство.
Право на траен надоместок има родител кој има дете со попреченост. Правото на траен надоместок го остварува родител кој се грижел за детето до неговата 26 годишна возраст, без истото да користи услуга на вон-семејна социјална заштита, кој е невработен и не користи право на пензија, по наполнување на 62 години на живот за жена, односно 64 години на живот за маж. Правото не може да се оствари доколку на родителот му било одземено родителското право над детето.
Висината на трајниот надоместок изнесува 8.000 денари месечно, усогласена со порастот на трошоците на живот за претходната година објавени од Државниот завод за статистика, во јануари за тековната година.