Дозволи за вршење на дејност за управување со доброволни пензиски фондови

Прва дозвола за вршење на дејност за управување со доброволни пензиски фондови

Издадена првата дозвола за вршење на дејност управување со доброволни пензиски фондови и условно одобрение за управување со доброволен пензиски фонд.

Управниот одбор на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, на седницата одржана на 15.04.2009 година, донесе Одлука со која на Акционерското друштво за управување со пензиски фондови „НОВ ПЕНЗИСКИ ФОНД“ Скопје му се издава дозвола за вршење на дејност управување со доброволни пензиски фондови и условно одобрение за управување со доброволниот пензиски фонд „ОТВОРЕН ДОБРОВОЛЕН ПЕНЗИСКИ ФОНД НЛБ ПЕНЗИЈА ПЛУС“. По извршената промена на регистрацијата во Централниот регистар на Република Македонија условното одобрение за управување со доброволен пензиски фонд станува полноважно по што друштвото може да започне со активности на маркетинг, зачленување на членови и прибирање на доброволни придонеси во фондот.

Повеќе

Втора дозвола за вршење на дејност управување со доброволни пензиски фондови

Издадена и втора дозвола за вршење на дејност управување со доброволни пензиски фондови и второ условно одобрение за управување со доброволен пензиски фонд. Управниот одбор на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, на седницата одржана на 24.08.2009 година, донесе Одлука со која на КБ Прво друштво за управување со пензиски фондови АД Скопје му се издава дозвола за вршење на дејност управување со доброволни пензиски фондови и условно одобрение за управување со доброволниот пензиски фонд „КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд -Скопје“.

Повеќе

Реформа

Основи на реформата на пензискиот систем во Македонија

Соочена со ризикот од посериозни потреси во пензискиот систем, кои би се јавиле како резултат на дефицитите во Фондот на пениското и инвалидското осигурување, Владата на Република Македонија уште во 1993 година го отпочна процесот на реформа на системот на пензиско и инвалидско осигурување.

Во периодот до 2000 година, со донесувањето на новиот Закон за ПИО, како и со серија негови измени и дополнувања, во управувањето со државниот пензиски систем беше воведена политика на растечка рестриктивност. Треба да се има предвид дека рестриктивноста на овие решенија обезбедија ефекти на кус рок од аспект на рамнотежата меѓу приходите и расходите во системот, приливот на нови пензионери и буџетските трансфери кон Фондот на ПИОМ.

Повеќе

Зошто реформа на пензискиот систем?

Во последните пет децении во Република Македонија се применува пензиски систем заснован на принципот на генерациска солидарност. Тоа е систем кој се финансира тековно, што значи дека актуелно вработените осигуреници издвојуваат пензиски придонес од своите тековни примања, со кој се исплаќаат пензиите на актуелните пензионери.

Подолгорочна солвентност на ваков вид пензиски системи може да се обезбеди само во услови на сигурен и одржлив економски раст, услови во кои, истовремено, односот меѓу бројот на пензионерите и бројот на осигурениците се движи околу нивото на, условно кажано, некаков оптимум.

Повеќе

Изгледот на реформираниот пензиски систем 

Со Законот за ПИО од 2000 година беше воспоставена легислативната рамка за новиот, трослоен пензиски систем во Република Македонија. Неговиот опфат го чинат трите столба:
Прв столб е задолжителниот државен пензиски фонд (Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија), кој и во иднина ќе продолжи да функционира според принципот на генерациска солидарност. Во него ќе се уплаќаат придонесите од бруто платите на осигурениците ќе се користат за исплата на пензиите на сегашните, но и на идните пензионери според следната шема:

  • Осигурениците кои нема да пристапат во вториот столб ќе продолжат да уплаќаат 18% од бруто платите во првиот столб
  • Оигурениците кои ќе пристапат во вториот столб од пензискиот систем во првиот столб (државниот пензиски фонд) ќе уплаќаат 18% од нивната бруто плата, од кои 12% се уплаќаат во првиот столб, додека 6% во вториот столб„.

Повеќе

Институции на новиот пензиски систем

Институционалната рамка на реформираниот пензиски систем ќе ја сочинуваат:

  • Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија (Фонд на ПИОМ), во кој ќе се уплаќаат придонесите за првиот и вториот столб од пензискиот систем. 6% од вкупниот придонес на лицата кои задолжително се вклучени во вториот столб, Фондот на ПИОМ ќе ги префрлува на сметките на приватните пензиски фондови.
  • Приватните пензиски фондови, кои претставуваат отворени инвестициски фондови и кои се состојат од средствата од придонесите на нивните членови и од приносите од инвестирањето на тие средства. Сопственици на приватните пензиски фондови се нивните членови (осигурениците од вториот столб).
  • Друштвата за управување со приватните пензиски фондови се оние правни лица кои ќе добијат дозвола да управуваат со приватните пензиски фондови. Тие се основаат и работат согласно Законот за трговски друштва и имаат единствена дејност – управување со пензиски фондови. Друштво за управување со пензиски фондови може да основаат само правни лица чиј капитал изнесува најмалку 20 милиони евра, имаат искуство од најмалку три години, имаат потврден бонитет и стручен менаџерски тим.
Повеќе

Очекувани придобивки од реформата

Покрај обезбедувањето долгорочна солвентност на пензискиот систем, реформата посредно или непосредно ќе изврши позитивно влијание и врз неколку други значајни области на економијата на државата. Тоа се, пред сe, влијанието врз развојот на пазарот на капитал и пазарот на работна сила, а како особено важен се смета ефектот врз јавните финансии, област во која долгорочно се очекува големо релаксирање.

Повеќе