СЕКТОРСКА РАБОТНА ГРУПА „ОБРАЗОВАНИЕ, ВРАБОТУВАЊЕ И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА“

Работната група за секторот „Образование, вработување и социјална политика” (скратено Секторска работна група) го одржа конститутивниот состанок на 4 ноември 2015 година. Според Деловникот за работа, таа има повеќекратен мандат, но во прв ред, претставува меѓуресорски форум за водење на дијалог за политиките за образование, вработување и социјална заштита и за оценка на напредокот во секторот. На пример, групата го следи и оценува напредокот во спроведувањето на Програмата за реформи во вработувањето и социјалната политика 2020 (ЕСРП), како и други задачи поврзани со процесот на мониторинг и известување за напредокот во секторот.

Понатаму, секторската работна група е место каде се утврдуваат приоритетите што ќе се финансираат од ЕУ, каде се следи нивната имплементација и се остварува координација на целокупната странска помош. На тој начин, достапните средства од разни извори се насочуваат кон поддршка на националните политики. 

Секторската работна група ја координираат Министерството за труд и социјална политика и Министерството за образование и наука и во неа членуваат претставници од институциите задолжени за креирање на секторските политики и стратегии, европските интеграции и ИПА. Поконкретно, во оваа работна група се вклучени претставници од различни државни органи и институции чиишто надлежности се поврзани со имплементација на политиките за образование, вработување и социјална заштита.

По потреба, во зависност од приоритетите во стратешките и програмските документи, во работата на групата може да се вклучуваат и други институции со надлежности во образованието, вработувањето и социјалната политика. 

Почнувајќи од 2018 година, претставници на граѓанскиот сектор учествуваат во работата на групата. Соработката со граѓанскиот сектор и другите заинтересирани и релевантни организации се остварува и по пат на тематски консултации, информирање и сл. 

Конечно, имајќи го предвид фактот дека работната група е одговорна за донаторска координација во секторот, таа во нејзината работа ги интегрира и донаторите (ЕУ, билатералните донатори) и меѓународните организации (пр. МОТ, УНДП, УСАИД, УНИЦЕФ, УН Жени, Светска банка и др.).

Секторската работна група се состанува во пленарен состав најмалку два пати годишно. Почнувајќи од 2018 со пленарните состаноци заседаваат министрите за труд и социјална политика и за образование и наука. 

Документи 

Деловник за работа на СРГ (македонска верзија)

Деловник за работа на СРГ (англиска верзија)

 

Пленарни состаноци на Секторската работна група

  

Контакти

Министерство за труд и социјална политика

Сектор за европска интеграција и меѓународна соработка

Адреса: ул. Даме Груев бр.1000 Скопје, Република Северна Македонија

Лица за контакт:

Александра Славкоска, раководител на Сектор за европска интеграција и меѓународна соработка, е-маил: ASlavkoska@mtsp.gov.mk и телефон: +389 (2) 3106 358

Анкица Ивановски, раководител на Одделение за мониторинг и евалуација на ИПА во  Сектор за европска интеграција и меѓународна соработка, е-маил: AIvanovska@mtsp.gov.mk и телефон: +389 (2) 3106 358

Гордана Тренкоска, советник во Одделение за мониторинг и евалуација на ИПА во Сектор за европска интеграција и меѓународна соработка, е-маил: GTrenkoska@mtsp.gov.mk и телефон: +389 (2) 3106 469