Акција за евиденција на лица во матична книга на родените

Во 2011 година, Министерството за труд и социјална политика во соработка со Министерството за внатрешни работи и Управата за водење на матичните книги на евиденција започна со спроведување на акција за идентификација на лицата кои што не се евидентирани во матичните книги на евиденција.

Во рамките на акцијата идентификувани се 441 лице како неевидентирани лица во матична книга на родените,  а 85 лица се евидентирани во матична книга на родените. Во рамките, пак, на спроведувањето на целосна постапка за упис во матична книга на родените поднесени се 4 барања за упис на лично име, 5 барања за дополнителен упис во матична книга на родените, 2 барања за  издавање на лична карта.

Во 2012 година со поддршка на Министерството за труд и социјална политика од идентификуваните лица како незапишани во матична книга на родените е спроведена ДНК анализа за 32 предмета. Буџет  којшто се издвојува  за ДНК анализа изнесува 463.600 МКД.

Проектот продолжува да се имплементира и во 2014 година.