ПОВИК ЗА КОНСУЛТАЦИИ

ЕСРП - Програма за реформи во вработувањето и социјалната политика

(27.12.2016)

Почитувани колеги, партнери, соработници,

Како што Ви е познато, во изминатиот период, во тесна соработка и координација со Европската комисија (DG EMPL), Република Македонија интензивно работеше на изготвувањето на стратешкиот документ, т.е. Програма за реформи во вработувањето и социјалната политика - ЕСРП (Employment and Social Reform Programme). 

Оваа Програма ќе претставува една значајна сеопфатна секторска стратешка рамка, која ги утврдува клучните предизвици, приоритетните политики, реформи и конкретните мерки во областите на пазар на труд и вработување, човечки капитал и вештини, социјална заштита и социјална инклузија, за периодот до 2020 година.

Изготвувањето на Програмата започна од март 2015 година и се одвиваше во неколку фази, координирано од Министерството за труд и социјална политика (МТСП), преку еден широк мултисекторски консултативен процес.

Согласно заеднички утврдената методологија, најпрвин се подготви Првиот дел на ЕСРП Програмата, со презентирање на состојбите и утврдените клучни предизвици во опфатените области, а по извршените консултации и усогласувања со ЕК, во 2016 година се подготви и Вториот дел од ЕСРП, т.е. делот од документот во кој се дефинираат конкретните реформи, програми, мерки и активности за справување со идентификуваните предизвици, финансиската рамка на документот како и соодветните механизми за следење и известување за постигнатиот напредок.

Во рамки на проширување на консултативниот процес, Министерството за труд и социјална политика на својата web-страна го објавува подготвениот нацрт-текст на ЕСРП. МТСП ги повикува претставниците на социјалните партнери, невладиниот сектор, меѓународните организации, стручната јавност и останатите релевантни и заинтересирани субјекти да се запознаат со документот и во рок од еден месец (до 1 февруари 2017 година) да ги достават своите коментари, забелешки, предлози и сл.

По финализирање на процесот на усогласување и консултации со Европската комисија, со невладиниот сектор, социјалните партнери и останатите субјекти, ЕСРП програмата ќе биде усвоена од Владата на Република Македонија.

Ве молиме Вашите коментари, предлози и сугестии, до крајот на наведениот рок (1.2.2017), да ги доставите на e-mail адреса: ddocinski@mtsp.gov.mk

 

Лице за контакт: Дарко Дочински, раководител на одделение за ЕУ интеграции

тел: 3106-358

GSM: 075 359 893

e-mail: ddocinski@mtsp.gov.mk

 

Преземи ЕСРП (МК): Нацрт ЕСРП Македонија     Анекси ЕСРП Матрици    

PUBLIC CALL FOR CONSULTATION 

ESRP – Employment and Social Reform Programme

(27.12.2016)

Dear colleagues, partners, associates,

As you are already aware, in close cooperation and coordination with the European Commission (DG EMPL), in the past period, the Republic of Macedonia has intensively worked on drafting the strategic document, i.e. the Employment and Social Reform Programme - ESRP. 

This program will represent an important comprehensive sectoral strategic framework that sets out the key challenges, priority policies, reforms and specific measures in the areas of labor market and employment, human capital and skills, social protection and social inclusion, for the period until 2020.  

Drafting of this Programme started in March 2015, coordinated by the Ministry of Labour and Social Policy (MoLSP), through a broad multisectoral consultative process.

Following the jointly established methodology, the First part of the ESRP was prepared initially, presenting the situation and identified key challenges in the covered areas, and after the consultations with the EC, the Second part of the ESRP was drafted during 2016, i.e. the part of the document defining the specific reforms, programmes, measures and activities to tackle identified challenges, the financial framework of the document as well as the appropriate mechanisms for monitoring and reporting on the achieved progress.

Aimed at further expanding the consultation process, the Ministry of Labour and Social Policy has published on its web-page the draft ESRP. MLSP invites the representatives of the social partners, civil sector, international organizations, experts and other relevant and interested stakeholders to familiarize themselves with the document and within the period of one month (until February 1, 2017) to submit their comments, suggestions etc.

Following the completion of the consultation process with the European Commission, CSOs, social partners and other stakeholders, the ESRP is expected to be adopted by the Government of the Republic of Macedonia.

Please submit your comments and proposals by the end of the specified period (1.2.2017), to the following   e-mail address: ddocinski@mtsp.gov.mk.

 

Contact person: Darko Dochinski, Head, Unit for EU integration,

phone: 3106-358

GSM: 075 359 893

e-mail: ddocinski@mtsp.gov.mk

 

Download ESRP (ENG): Draft ESPR Macedonia      Annexes ESPR Macedonia