Проект SSCSSR

Проект за координација на социјалната сигурност и реформи во социјалната сигурност (SSCSSR)

Целта на IPA Заедничката програма на Европската комисија и Советот на Европа за координација на социјалната сигурност и реформи во социјалната сигурност (SSCSSR) е да продолжи во обезбедувањето на поддршка на страните-кориснички во регионот на Југоисточна Европа (Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Србија, Македонија, Турција и Kосово) во понатамошното зајакнување на регионалната координација на системите за социјална сигурност и во поддршката на институционалните, законодавните и административните реформи во областа на социјалната заштита, во согласност со стандардите на Советот на Европа и на ЕУ. Регионалната Програма за координација на социјалната сигурност и реформи во социјалната сигурност започна во март 2008 година и ќе трае до август 2011 година.

Оваа програма претставува продолжување на Заедничката програма на Европската комисија и Советот на Европа за поддршка на социјалните институции, која се имплементираше во рамките на CARDS Регионалната акциска програма (2004-2007).

Повеќе
Будванска декларација


Трета министерска конференција за координација на социјална сигурност во Југоисточна Европа

Во рамките на Проектот за координација на социјалната сигурност и реформи во социјалната сигурност, на третата министерска конференција за координација на социјалната сигурност на Југоисточна Европа, одржана на 12.10.2010 година во Будва, на покана на министерот за труд и социјална грижа на Црна Гора, Суад Нумановиќ и на иницијатива на Советот на Европа и Европската комисија на Европската унија, беше потпишана Будванската декларација.

Декларацијата ја потпишаа Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Србија, Турција и Косово и притоа се одлучи заеднички да се работи за постојано подобрување на социјалната сигурност на граѓаните од целиот регион и останатиот дел од Европа, како и на подобрување на ефикасното спроведување на постојните билатерални и мултилатерални координативни инструменти на социјална сигурност, се со цел да се поедностави пристапот на граѓаните до правата од социјална сигурност во целиот регион, посветувајќи посебно внимание на потребите на најранливите групи.