Права за заштита на децата 

Законот за заштита на децата го уредува системот и организацијата на обезбедување заштита на децата.

Заштитата на децата е организирана дејност заснована на правата на децата, како и на правата и обврските на родителите за планирање на семејството и на државата и единиците на локалната самоуправа за водење хумана популациона политика.

Заштитата на децата се остварува со обезбедување услови и ниво на животен  стандард што одговара на физичкиот, менталниот, емоционалниот, моралниот и социјалниот развој на децата. Државата, како и единиците на локалната самоуправа се грижат за давање соодветна материјална помош на родителите за издржување, подигнување, грижа и заштита на децата и организирање и обезбедување на развој на установи и служби за заштита на децата.

Заштитата на децата  се остварува преку обезбедување на определени права и облици за заштита на децата.

Детски додаток

Детски додаток е право на детето и се обезбедува како паричен надоместок за покривање на дел од трошоците во подигање и развој на детето.

Повеќе

Посебен додаток

За дете со специфични потреби кое има пречки во телесниот или менталниот развој или комбинирани пречки во развојот до 26 години живот се обезбедува посебен додаток како паричен надоместок. Наод, оцена и мислење за потребата од остварување на посебен додаток дава стручен орган за оцена на видот и степенот на попреченоста на лицата во менталниот или телесниот развој.

Повеќе

Еднократна парична помош за новороденче

Еднократна парична помош за новороденче се обезбедува на семејството за прво новородено дете. За прво новородено дете се смета дете кое е прво живородено дете по ред на раѓање на мајката. За прво новородено дете ќе се сметаат и децата кога мајката при првото раѓање ќе роди повеќе деца одеднаш (близнаци, тројка и повеќе). За прво новородено дете ќе се смета и првото посвоено дете, како и кога ќе се посвојат повеќе деца одеднаш (близнаци, тројка и повеќе) при првото посвојување, на возраст на детето/цата до една година доколку мајката нема прво новородено дете.

Повеќе


Партиципација

Во зависност од материјалната состојба на семејството се обезбедува партиципација во трошоците за згрижување и воспитание и одмор и рекреација на деца во јавна установа за деца. Партиципацијата се обезбедува во цената на услугата по дете што ја плаќа родителот. Партиципацијата се обезбедува од Буџетот на Републиката. 

Родителски додаток за дете

Родителски додаток за дете остварува мајка за своето трето живородено дете. Правото го остварува мајка која е државјанин на Република Македонија со постојано место на живеење во Република Македонија последните три години пред поднесување на барањето.

Повеќе