Програма на ЕУ „Вработување и социјални иновации“ – ЕаСи  (employment and social innovation - EaSi)


Програмата „Вработување и социјални иновации“ – ЕаСи (Employment and Social Innovation - EaSi) е финансиски инструмент на Европската Унија со кој директно управува Европската комисија. Програмата обезбедува поддршка на вработувањето, социјалната политика и мобилноста на работната сила во ЕУ. Со овој инструмент се финансира развој и тестирање на иновативни решенија за поттикнување на одржлив долгорочен раст и работни места, намалување на разликите помеѓу државите членки и постигнување на напредок во намалување на социјалната нееднаквост.

Повеќе

ПРОГРЕС: Модернизација на политиките за вработување и социјалните политики

Потпрограмата Прогрес со која директно управува Европската комисија е главниот инструмент за унапредување на реформите во политиките за вработување и социјалните политики. Целта на оваа програма е да придонесе кон спроведување на стратегијата Европа 2020, вклучувајќи ги нејзините главни цели, интегрирани насоки и клучните иницијативи. Програмата ќе продолжи да ги поддржува политиките на ЕУ на три подрачја: поттикнување на висок квалитет и одржливост на вработувањето; гарантирање на соодветна и пристојна социјална заштита и борба против социјалното исклучување и сиромаштијата; подобрување на условите за работа. Средствата се распределени на следниов начин:

Повеќе

Јавни повици

Активностите што ќе се финансираат се дефинираат во годишна работна програма што ја усвојува Комитетот на Програмата во Брисел.

Проектите ќе се доделуваат на Јавни повици за грантови/Објави на тендери.

Годишна програма за 2016 (на англиски јазик)

Работна програма 2016 – основен текст  

Прилог 1 – Опис на јавните повици   

Прилог 2 – Список на сите планирани активности во 2016

Микрофинансирање и социјално претприемништво

Информации за финансиските институции

Европската комисија не ги финансира директно претприемачите и социјалните претпријатија, туку им овозможува на селектирани провајдери на микро-кредити (финансиски посредници) да го зголемат кредитирањето на претприемачите и социјалните претпријатија.

Повеќе

Информации за претприемачите и микро-претпријатијата

Финансии за микропретпријатијата и социјалните претприемачи обезбедуваат директно селектирани, овластени финансиски посредници од Европскиот инвестициски фонд. На следниов линк се прикажани овластените финансиски посредници низ Европа:

http://www.eif.org/what_we_do/where/index.htm

Во Република Македонија сѐ уште нема овластени финансиски посредници.

Техничка помош за финансиските посредници

За финансиските посредници ќе биде достапна техничка помош, преку платформата fi-compass:

https://www.fi-compass.eu/easi/eu-programme-employment-and-social-innovation-easi

Достапни се три облици на техничка помош:

спроведување на оценка на институцијата (assessment) или утврдување на рејтинг на институцијата (rating) од страна на независни специјализирани куќи и подготвување на извештај од спроведената оценка или рангирање. Во согласност со наодите во извештаите се договара и се спроведува обука за вработените и менаџментот на организацијата;

• учество во работилници и семинари на теми поврзани со микрофинансирање, како и можност за поставување на прашања преку самата платформа;

• консултации за провајдерите на микрокредити за Европскиот кодекс на однесување при обезбедување на микрокредити.За користење на техничката помош се објавуваат повици за изразување на интерес на веб страницата на fi-compass на кои се аплицира.

Опслужувањето на заинтересираните организации е според начелото „прв дојден, прв услужен“.

Контакт лица за програмата

Александра Славкоска

Teл. + 389 3106 358

aslavkoska@mtsp.gov.mk

Анкица Ивановски

Teл. + 389 3106 358

aivanovska@mtsp.gov.mk

Анета Влахова

Teл. + 389 3106 294

avlahova@mtsp.gov.mk

Повеќе

Документи

Регулативата (ЕУ) на Европскиот Парламент и на Советот, бр. 1296/2013 од 11 декември 2013 за програмата на Европската Унија „Вработување и социјални иновации“

Закон за ратификација на спогодбата меѓу Република Македонија и Европската Унија за учество на Република Македонија во програмата на Европската Унија „Вработување и социјални иновации" Службен весник на РМ" бр. 125 од 24.07.2015.

Линкови

Програма ЕаСи

http://ec.europa.eu/social/main.jsp?catId=1081

Европски инвестициски фонд

http://www.eif.org/index.htm

Директорат за вработување, социјални прашања и вклучување

http://ec.europa.eu/social/home.jsp?langId=en

Секретаријат за европски прашања

http://www.sep.gov.mk/