Проект “Ромски информативни центри”

Проектот “Ромски информативни центри” започна да се имплементира од јануари 2007 година и до сега во рамките на истиот отворени се и  функционираат 12 Ромски информативни центри во: Чаир, Топанско Поле, Тетово, Гостивар, Битола, Прилеп, Штип, Куманово, Делчево, Виница, Кочани и Берово.

Проектот се спроведува во соработка со Единците на локалната самоуправа и невладините ромски здруженија и главната задача на Ромските информативни центри е да бидат во постојана комуникација со граѓаните од ромската популација и навремено да ги информираат, советуваат, упатуваат и да им даваат логистичка поддршка со  цел да ги остварат своите права и обврски (од областите на социјалната заштита, вработување, здравство, домување и образование, вадење на лични документи и др).

За 16-те вработени во Ромските информативни центри досега се организирани повеќе обуки, а во соработка со ОБСЕ се изготви Прирачник со основните информации за правата и обврските од областа социјалната и здравствената заштита и осигурување, како и Прирачник со основните информации за правата и обврските од областа на вработување и домување.

Од Буџетот на министерството годишно за Ромските информативни центри се издвојуваат 3.376.320  МКД.

Досега над 12 000 лица од ромската заедница  се обратиле и побарале  поддршка за различни потреби и услуги во Ромските информативни центри.

Проектот продолжува да се имплементира и во 2014 година.